Има 2 различни вида на преглед на распоред,
Временски распоред и распоред Сега/Следно.
За да преминете од еден преглед на друг, означете
ја картичката со името на алтернативниот преглед
на горната страница на екранот и притиснете ОК.
Користете ги копчињата за насока за да се движите
низ програмската листа. Користете ги копчињата
Назад/Врати се за да ги користите опциите на
картичката на горната страна на екраност.
Распоред на времето
Во оваа опција за преглед, сите настани на
наведените канали ќе бидат прикажани според
временски распоред. Може да ги користите
копчињата за насока за да го прегледувате списокот
настани. Означете настан и притиснете ОК за да се
прикаже менито за опции за настанот.
Притиснете го копчето Назад/Врати се за да
ги користите достапните опции на картичката.
Означете ја картичката Филтер и притиснете ОК
за да ги видите сите опции за филтрирање. За
да го смените прегледот, означете Сега/Следно
и притиснете ОК. Може да ги користите опциите
Претходен ден и Следен ден за да ги прикажете
настаните од претходниот и следниот ден.
Означете ја картичката Екстра и притиснете ОК за
да пристапите до опциите дадени подолу.
Избери Жанр: Го прикажува менито Избери
жанр. Изберете жанр и притиснете ОК. Настаните
во порграмскиот водич кои одговарат на избраниот
жанр ќе бидат означени.
Пребарување на водичот: Ги прикажува
опциите за пребарување. Со овие опции
може да пребарувате низ базата на податоци
на програмскиот водич според избраните
критериуми. Соодветните резултати ќе се
прикажат на список.
Сега: Го прик ажува тековниот настан од
нагласениот канал.
Зумирај: Изберете и притиснете ОК за да ги
видите настаните за подолг период.
Распоред сега/следно
Во оваа опција за преглед, ќе бидат прикажани
само тековните и следните настани на наведените
канали. Може да ги користите копчињата за насока
за да го прегледувате списокот настани.
Притиснете го копчето Назад/Врати се за да
ги користите достапните опции на картичката.
Означете ја картичката Филтер и притиснете ОК за
да ги видите сите опции за филтрирање. За да го
смените прегледот, означете Врменски распоред
и притиснете ОК.
Опции за настаните
Користете ги копчиња за насока за да обележите
програма и притиснете ОК за да се прикаже менито
Опции. Следните опции се достапни.
Избор на канал: Со оваа опција, можете да
преминете на избраниот канал за да го гледате.
Ќе се затвори програмскиот водич.
П о ве ќ е и н фо рма ц и и : П р и к а ж и д ет а л н и
информации за избраниот настан. Користете ги
копчињата за насока Нагоре и Надолу за да се
движите низ текстот.
Наместете гја стоперката на настанот / избришете
ја стоперката на настанот: Одберете ја опцијата
Постави стоперка на настан и притиснете OK.
Можете да поставите стоперка за идни настани. За
да откажете некоја стоперка што е веќе подесена,
селектирајте го тој настан и притиснете на копчето
OK. Потоа селектирајте ја опцијата избриши ја
стоперката за настанот. Мерачот на време ќе се
откаже.
Снимај / Избриши снимка Тајмер: Одберете ја
опцијата „снимај" и притиснете на копчето OK.
Ако се емитува програмата во некое идно време,
ќе биде додадена на списокот со стоперки за
снимање. Ако избраната програма се емитува во
моментот, снимањето ќе почне веднаш.
За да откажете веќе поставен споперка за снимање,
селектирајте ја таа програма и притиснете на
копчето OK и изберете ја опцијата Избриши
снимка. Стоперка. Стоперката за снимање ќе се
откаже.
ВАЖНО! Поврзете УСБ на Вашиот ТВ-уред додека ТВ-
уредот е исклучен. Тогаш треба да уклучите ТВ-уредот
за да се појави опцијата за снимање.
Забелешки: Не можете да се префрлете на друг
канал ако има активирано стоперка на каналот што
го следите.
Не може да се постави стоперка или стоперка за
снимање за два или повеќе поединечни настани во ист
временски интервал.
Телетекст услуги
Притиснете на копчето TЕXT за да влезете.
Притиснете уште еднаш за да активирате
мешано, што ќе ви овозможи во исто време да
ги гледате телевизиската програма и телетекстот.
Притиснете уште еднаш да излезете. Доколку е
можно, поглавјата на страницата за телетекст
ќе се кодираат со боја и може да се избираат со
притиснување на обоените копчиња. Следете ги
упатствата прикажани на екранот.
Дигитален телетекст
Притиснете го копчето TЕXT за да прегледувате
информации од дигитален телетекст. Користете
ги копчињата во боја, курсорите и копчето OK.
Методот на работење може да се разликува во
зависност од содржината на дигиталниот текст.
Следете ги упатствата прикажани на екранот на
дигиталниот телетекст екран. Кога ќе го притиснете
повторно копчето Text, ТВ-уредот се враќа на
телевизиско емитување.
Македонски - 26 -