● Никогаш не влечете го и/или не тегнете го
кабелот на адаптерот. Ако не постапите
така, радиото случајно може да падне
предизвикувајќи ви повреда вам или на некој
околу вас.
ВАЖНО:
● Адаптерот за електрично напојување се користи
како средство за поврзување на радиото со
електричното напојување. Приклучокот за
напојување што се користи за радиото мора
да остане достапен во текот на вообичаената
употреба.
● За да се исклучи радиото, адаптерот за
електрично напојување треба целосно да
се исклучи од приклучницата за електрично
напојување.
● Користете го само адаптерот за напојување со
наизменична струја што е доставен со производот
или посочен од Makita.
● Не држете го кабелот за електрично напојување
и приклучокот со устата. Доколку направите така
може да дојде до струен удар.
● Не допирајте го приклучокот за напојување со
влажни или масни раце.
● Оштетени или испреплетени кабли го зголемуваат
ризикот од струен удар. Ако кабелот е оштетен,
истиот да се замени од страна на нашиот
овластен сервисен центар за да се избегне
ризик по безбедноста. Не употребувајте го пред
поправката.
● По употребата, секогаш чувајте го адаптерот
за напојување со наизменична струја подалеку
од дофат на деца. При играњето на децата со
кабелот, може да настанат повреди.
Полнење преку УСБ-порта за
електрично напојување
На предната страна на радиото се наоѓа УСБ-порта.
Може да полните УСБ-уред преку УСБ-порта.
1. Притиснете го копчето за Вклучување за да го
вклучите радиото.
2. Поврзете го УСБ-уредот, како што е мобилен
телефон, со УСБ-кабел достапен на пазарот.
3. Без оглед дали радиото е на наизменично
електрично напојување или батерија, радиото
може да го полни УСБ-уредот кога е вклучено и
во FM/DAB радио режим, или BT режим или AUX
режим, што се случува кога е поврзан надворешен
аудиоизвор.
Белешка:
● Максималната јачина на звук на излезниот звучник
ќе се намали кога се полни вашиот УСБ.
● УСБ-приклучокот може да обезбеди електрична
струја со максимум 5V/2,4A.
ВАЖНО:
● Пред поврзувањето на УСБ-уредот со полначот,
секогаш направете резервна копија на вашите
податоци од УСБ-уредот. Во спротивно може да
дојде до загуба на вашите податоци.
● Полначот може да не доставува енергија до некои
УСБ-уреди.
● Кога не се користи или по полнењето, отстранете
го УСБ-кабелот и затворете го капакот.
● Не поврзувајте извор на енергија на УСБ-портата.
Во спротивно постои ризик од пожар. УСБ-
портата е наменета само за полнење на уреди
со понизокнапон. Секогаш затворајте го капакот
врз УСБ-портата кога не го полните уредот со
понизокнапон.
● Не вметнувајте шајка, жица или слично во портата
за напојување преку УСБ. Во спротивно краток
спој може да предизвика чад и пожар.
● Не поврзувајте го овој приклучок за УСБ со вашата
УСБ-порта на компјутерот, бидејќи постои голема
веројатност тоа да предизвика оштетување на
уредите.
СЛУШАЊЕ РАДИО
Ова радио има три начини на подесување -
Подесување со скенирање, Рачно подесување и
Отповикување на претходно меморирано.
Бирање станица – DAB
Забелешка:
DAB антената е вградена во рачката. Кога работите
со радиото, правилно истегнете ја рачката над
радиото да добиете подобар прием.
1. Притиснете го копчето Напојување да вклучите
радио.
2. Изберете DAB режим со притискање на копчето
Опсег.
3. Притиснете го копчето Напредни поставки и
вртете го копчето Јачина на звук/Контрола на
подесување/Избери додека „Листа на станици"
свети на екранот. Притиснете го копчето Јачина на
звук/Контрола на подесување/Избери да влезете
во листата на станици.
4. Вртете го копчето Јачина на звук/Контрола на
подесување/Избери да лизгате низ листата на
достапни станици. Притиснете го копчето да
изберете станица.
5. Прилагодете ја посакуваната јачина на звук со
вртење на копчето Јачина на звук/Контрола на
подесување/Избери.
Режими на приказ – DAB
Вашето радио има опсег на опции на приказ во DAB
режим.
132 МАКЕДОНСКИ