Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Воспоставете Врска Со Далечински Управувач/Ласерски Приемник; Далечинско Управување Преку Bosch Levelling Remote App - Bosch GRL 600 CHV Anwenderhandbuch- Originalbetriebsanleitung

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
552 | Македонски
Нивелирањето започнува
автоматски и се прикажува со
ознака за нивелирање на екранот,
ласерските зраци што трепкаат и
приказот за статус (12) што трепка
зелено (види „Автоматика за
нивелирање", Страница 554).
По успешно нивелирање, се
појавува почетниот екран,
ласерските зраци светат
непрекинато, ротацијата започнува
и приказот за статус (12) свети
зелено непрекинато.
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор
u
и исклучете го по употребата. Другите лица може да
се заслепат од ласерскиот зрак.
За исклучување на мерниот уред
задржете го притиснато копчето за
вклучување/исклучување (11)
додека не се појави ознаката за
исклучување на екранот.
При надминување на највисоката
дозволена работна температура
од 50 °C за неколку секунди се
појавува порака за предупредување
и приказот за статус (12) свети
црвено.
Потоа мерниот уред автоматски се исклучува заради
заштита на ласерската диода. Откако ќе се олади,
мерниот уред е повторно подготвен за работа и може
одново да се вклучи.
Воспоставете врска со далечински управувач/
ласерски приемник
Во состојба на испорака мерниот уред и испорачаниот
далечински управувач (40) како и испорачаниот
ласерски приемник (41) веќе се поврзани преку
Bluetooth®.
За да ги поврзете далечинскиот
управувач или ласерскиот
приемник, задржете го притиснато
копчето Bluetooth® (7) додека на
екранот не се појави ознаката за воспоставување на
врска со далечинскиот управувач/ласерскиот приемник.
За да воспоставите врска со далечинскиот управувач
притиснете го истовремено копчето за вртење во правец
спротивен на стрелките на часовникот (29) и копчето за
вртење во правец на стрелките на часовникот (36) на
далечинскиот управувач, додека приказите за статус (33)
и (34) не започнат да трепкаат. Додека се воспоставува
врска со далечинскиот управувач, трепкаат зелено
наизменично приказите за статус на далечинскиот
управувач.
За воспоставување врска со ласерскиот приемник,
држете ги притиснати истовремено копчињата за X‑оска и
Y‑оска на ласерскиот приемник, додека не се појави
известувањето за воспоставување врска на ласерскиот
1 609 92A 6AE | (28.05.2021)
приемник. Притоа внимавајте на упатството за
користење на ласерскиот приемник.
Успешното воспоставување на
врска со далечинскиот управувач
одн. ласерскиот приемник се
потврдува на екранот.
При успешно воспоставување на
врска со далечинскиот управувач
приказот за статус (33) и (34) на
далечинскиот управувач свети за 3 s
зелено.
Ако не може да се воспостави
врска, на екранот се појавува
порака за грешка.
Ако воспоставувањето на врска со
далечинскиот управувач е неуспешно, приказот за
статус (33) и (34) на далечинскиот управувач свети за 3 s
црвено.
2 ласерски приемници можат истовремено да се поврзат
со мерниот уред и да работат со мерниот уред.
Ако се поврзат дополнителни далечински управувачи или
ласерски приемници, најстарата врска се брише.
Далечинско управување преку Bosch Levelling Remote
App
Мерниот уред е опремен со Bluetooth®-модул, којшто со
помош на безжична технологија дозволува далечинско
управување со помош на паметен телефон со Bluetooth®-
интерфејс.
За користење на оваа функција потребна е апликацијата
(App) „Bosch Levelling Remote App". Неа можете да ја
преземете од соодветниот App-Store во зависност од
крајниот уред (Apple App Store, Google Play Store).
Информации за потребните системски предуслови за
Bluetooth® врска ќе најдете на интернет страната на Bosch
на www.bosch-pt.com.
При далечинско управување со помош на Bluetooth®
може да настанат временски одложувања помеѓу
мобилниот и мерниот уред поради лоши услови за
прием.
Функцијата Bluetooth® се вклучува стандардно.
За исклучување на Bluetooth® за далечинското
управување преку апликацијата, притиснете го копчето
Bluetooth® (7). На почетниот екран се гаси приказот за
врска преку Bluetooth® (b).
За повторно вклучување на
Bluetooth® за далечинското
управување преку апликација,
кратко притиснете го копчето
Bluetooth® (7). Ознаката за
воспоставување на врска со
паметен телефон се појавува на
екранот.
Проверете дали, интерфејсот за Bluetooth® е активиран
на Вашиот мобилен уред.
Bosch Power Tools

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Grl 650 chvgRc 6 professionalRc 6 professional grl 600 chvRc 6 professional grl 650 chvg

Inhaltsverzeichnis