компатибилен УСБ-дискот, ќе се појави порака
за грешка.
За да снимате долги програми, како на пример,
филмви, се препорачува користење на УСБ-цврсти
дискови (ХДД).
Снимените програми се зачувуваат на поврзаниот
УСБ-диск. Ако сакате, можете да ги зачувате/
копирате снимките на компјутерот, овие датотеки
нема да можете да ги репродуцирате на компјутер.
Можете да ги пуштите снимките само преку вашиот
телевизор.
Може да дојде до доцнење во синхронизирањето на
зборувањето за време на снимањето на програми
за прегледување подоцна. Снимање на радио е
поддржано. Телевизорот може да снима програми
до десет часа.
Снимените програми се поделени на партиции
од по 4GB.
Ако брзината на запишување на поврзаниот USB
не е доволна, запишувањето може да прекине и
временската промена може да не биде достапна.
Се препорачува да користите УСБ-цврст диск за
снимање HD-програми.
Не исклучувајте го USB/HDD за време на снимање.
Ова може да го оштети поврзаниот USB/HDD.
Ако напојниот кабел биде исклучен при активнен
тајмер за УСБ снимање, тајмерот ќе биде откажан.
Достапна е поддршка на повеќе партиции. Не се
поддржуваат повеќе од две различни партиции.
Првата партиција на дискот USB се користи за
готови функции за USB-снимање. Исто така мора
да биде форматирана како примарна партиција
за да биде користена за готови функции за USB-
снимање.
Некои стримувани пакети нема да бидат снимени
заради проблеми со сигналот, па понекогаш видеото
може да се замрзне за време на репродуцирањето.
Копчињата Снимај, Репродукција , Пауза, Приказ
(за PlayListDialog) не може да се користат
кога е вклучен телетекстот. Ако снимањето
почнува од тајмер кога телетекстот е вклучен,
телетекстот автоматски ќе се исклучи. Не може да
се користи телетекстот кога е во тек снимање или
репродуцирање.
Снимање програма за прегледување подоцна
Притиснете на копчето Пауза додека се емитува
програмата за да се префрлете на режим
запрегледување подоцна. Во режимот за временско
поместување, програмата се паузира и се снима на
поврзаниот диск USB.
Притиснете го повторно копчето Репродукција за
да ја гледате паузираната програма од моментот
на стопирање. Притиснете го копчето Стоп за
да го запрете тајмшифтингот и да се вратите на
преносот во живо.
Тајмшифтингот не може да се користи на радио.
Можете да ја користите одликата за брзо напред
на снимањето за прегледување подоцна пред да
продолжите со опцијата нормала репродукција
или брзо напред.
Инстантно снимање
Притиснете на копчето Снимање за да започнете
со снимање на некоја програма додека ја гледате.
Можете да притиснете на копчето Снимање на
далечинскиот управувач уште еднаш за да го
снимите следниот настан откако ќе ја изберете
следната програма во рамките на електронскиот
програмски водич. Притиснете на копчето Стоп за
да го запрете инстантното снимање.
Не можете да сменувате програми во текот на
снимањето. За време на снимање програма или за
време на снимањето со временско поместување,
на екранот ќе се појави предупредувачка порака
доколку брзината на вашиот УСБ-уред не е
доволна.
Гледање на сниманите програми
Изберете ја Снимки од менито ТВ. Одберете
снимка од листата (ако претходно имало снимено).
Притиснете на OK за да го видите менито Опции.
Изберете опција и притиснете го копчето OK.
Забелешка: За време на плејбекот главното мени и
опциите на мените нема да бидат достапни.
Притиснете на копчето Стоп за да го запрете
плејбекот и да се вратете на Снимки.
Бавно напред
Ако притиснете на Пауза додека гледате некоја
снимена програма, опцијата за одење бавно
напред ќе биде достапна. Можете да го користите
копчето Брзо напред за да одите бавно напред. Со
консекутивно притискање на копчето Брзо напред
ќе ја смените брзината на бавно движење напред.
Конфигурирање на снимањето
Изберете Поставки во менито ТВ>Снимки за
да ги конфигурирате поставките за снимање и
притиснете ОК.
Форматирање на диск: Може да ја користите
функцијата Форматирај диск за форматирање на
поврзаниот УСБ-диск. За да ја користите опцијата
за форматирање диск, треба да внесете ПИН-код.
Забелешка: Стандардната вредност на ПИН-бројот
може да се постави како 0000 или 1234. Ако имате избран
ПИН (се бара во зависност од изборот на земја) при
првичното инсталирање користете го ПИН-бројот
што го имате избрано.
ВАЖНО! Форматирањето на УСБ-дискот ќе ги
избрише СИТЕ податоци на него и системот
на датотеки ќе биде конвертиран во FAT32. Во
најголем дел случаи грешките на ракувањето ќе
бидат поправени по форматирањето, но ќе ги
изгубите СИТЕ податоци.
Македонски - 11 -