7.5
ЧИСТЕЊЕ НА ПРЕНОСОТ
1.
Вадете го обезбедувачот еднаш или двапати
годишно (Сл.32.A) (Сл.33.A) со одвртување
на завртките (Сл.32.B) (Сл.33.B).
2.
Само за модели од „MCS 500 Li 80
серија": ослободете ја куката (Сл.33.C).
3.
Потоа внимателно исчистете со четка или
компресиран воздух, за да ги отстраните
остатокот од трева и нечистотии
околу трансмисијата и каишот.
4.
Повторно вратете го обезбедувачот
(Сл.32.A) (Сл.33.A).
7.6
ЧИСТЕЊЕ НА ФИЛТЕРОТ ЗА ВОЗДУХ
Филтерот мора секогаш да се одржува чист и да
се замени доколку е скршен или оштетен.
Постапете како што следи:
1.
Исчистете ја зоната околу решетката
на филтерот за воздух.
2.
Одвртете ја завртката (Сл.34.B) за да
ја извадите решетката (Сл.34.A).
3.
Извадете го филтерот (Сл.35.C).
4.
Издувајте го филтерот за да ги отстраните
нечистотијата и остатоците. Доколку
филтерот е уште нечист, исчистете го
(Сл.35.A) со вода и исушете го со чиста крпа.
ВАЖНО
Не користете бензин, детергент или
други производи за чистење на филтерот.
5.
Исчистете го однадвор местото за филтерот
од нечистотии, остатоци и ѓубре.
6.
Вметнете го филтерот (Сл.35.C) во куќиштето
(и уверете се дека е целосно сув).
Вметнете ја решетката (Сл.35.A) и
7.
прицврстете ја завртката (Сл.34.B).
8.
ВОНРЕДНО ОДРЖУВАЊЕ
Пред да започнете со каква било контрола,
чистење или одржување/прилагодување на машината:
• Застанете ја машината.
• Извадете го безбедносниот клуч, (никогаш
не го оставајте клучот во клучалката, или на
дофат на деца, или неовластени лица).
• Проверете дали сите делови што се
движат, се целосно запрени.
• Оставете моторот да се излади пред да се
остави машината во која било просторија.
• Прочитајте ги соодветните упатства.
• Носете соодветна облека, работни
чевли и заштитни очила.
8.1
УРЕД СО СЕЧИВОТО
Уредот со сечивото не е доволно наострен и ја
кине тревата така што тревникот пожолтува.
Не допирајте го уредот со сечивото ако не сте го
извадиле клучот и ако уредот со сечивото не е застанат
докрај.
Сите активности околу сечилото (расклопување,
острење, балансирање, поправка, повторно монтирање
и/или замена) се сложени работи, и за нив се потребни
посебни вештини, и соодветни алати; Од безбедносни
причини, овие работи треба да се извршат од страна на
Овластениот сервисен центар.
Заменете ги сечилата ако се оштетени, искривени
или изабени, заедно со соодветните шрафови.
ВАЖНО
Секогаш користете оригинални уреди со
сечива, дадени со код во табелата „Технички податоци".
Заради развојот на производот, уредите со сечивото
наведени во табелата „Технички податоци" треба
со време да се заменат со други со соодветни
карактеристики за замена и функционална безбедност.
9.
ОДЛАГАЊЕ
9.1
ОДЛОЖУВАЊЕ НА МАШИНАТА
Кога машината треба да се одложи:
1. Оставете го моторот да се излади.
2.
Извадете го безбедносниот клуч.
Исчистете ја косилката (пас. 7.3).
3.
4.
Проверете дали деловите се разлабавени или
оштетени. Ако е потребно, заменете ги оштетените
делови и затегнете ги разлабавените шрафови и
навртки или контактирајте со овластен сервисер.
5.
Одложете ја машината:
• Во сува просторија.
• Засолнета од лоши временски услови.
• По можност покриена со прекривка.
• На место надвор од дофатот на децата.
• Проверете дали сте ги тргнале клучевите и
опремата што ја користевте при одржувањето.
9.2
ОДЛОЖУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Батеријата треба да се чува во средина без директна
сончева светлина, на студени и места без влага.
ЗАБЕЛЕШКА
Ако нема да ја користите
подолг период, полнете ја батеријата секои два
месеца за да ѝ се продолжи рокот на употреба.
MK - 11