Одмрзнување 2)
■ Длабоко смрзнатата и смрзнатата храна,
пред да се употреби, може да се одмрзне
во преградата на фрижидерот или на собна
температура, зависно од времето достапно
за оваа постапка.
■ Малите парчиња може дури и да се готват
смрзнати, директно од замрзнувачот: Во тој
случај, готвењето ќе трае подолго.
ПОМОШНИ НАПОМеНИ И СОВеТИ
нормални работни звуци
■ кога разладното средство се пумпа низ
намотките или цевките, може да се слуша
звук на тивко гргорење и клокотење. Тоа е
нормално.
■ кога компресорот е вклучен, средството за
ладење се пумпа низ системот и од него ќе
слушате звуци на шумење и тропање. Тоа е
нормално.
■ Термичката дилатација може да предизвика
ненадејни звуци на пукање. Тоа е природен,
безопасен физички феномен. Тоа е
нормално.
■ кога компресорот се вклучува или
исклучува, ќе слушате слабо „кликање" на
температурниот регулатор. Тоа е нормално.
Совети за штедење енергија
■ Не отворајте ја вратата често и не оставајте
ја отворена подолго отколку што е
неопходно.
■ Доколку околната температура е висока,
регулаторот за температура е на
најголемата поставка и апаратот е целосно
наполнет, компресорот може да работи
непрестано, што ќе предизвика формирање
мраз на испарувачот. Ако се случи тоа,
свртете го регулаторот за температура
кон помалите вредности за да овозможите
автоматско одмрзнување, со што ќе
заштедите и електрична енергија.
Совети за ладење свежа храна
За да добиете најдобри перформанси:
■ не ставајте топла храна или течности што
испаруваат во фрижидерот
■ покривајте ја или виткајте ја храната,
особено ако има посилен вкус
■ ставајте ја храната така што воздухот може
да кружи слободно околу неа
66
ВажнО! За да го искористи максимално
капацитетот на садот за чување свежа храна,
корисникот може да отстрани една или
повеќе полици, фиоки од апаратот, според
секојдневната употреба.
1) Доколку апаратот содржи соодветни
додатоци и функции.
2) Доколку апаратот содржи преграда за
замрзнување
Совети за ладење
корисни совети:
Месо (сите видови): виткајте го во пластични
кесички и ставајте го на стаклената полица
над фиоката за зеленчук.
Најбезбедно е да го чувате на овој начин само
еден или најмногу два дена.
Зготвена храна,ладни јадења и сл.: тие треба
да се покриени и може да се стават на која
било полица. Овошје и зеленчук: тие треба да
се убаво измиени и ставени во специјалните
фиоки за нив. кога се во контакт со лимонов
сок, пластичните делови од Вашиот фрижидер
може да ја изгубат бојата. Се препорачува да
ги чувате лимоните во посебни садови.
Путер и сирење: тие треба да се во посебните
херметички садови или завиткани во
алуминиумска фолија или пластични ќесички
за да се спречи допирот со воздух.
Шишиња: тие треба да имаат капаче и да се
ставаат на држачот за шишиња на или на
вратата.
бананите, компирите, кромидот и лукот, ако
не се спакувани, не смеат да се чуваат во
фрижидер.
Совети за смрзнување
За најдобро користење на смрзнувањето, еве
неколку важни совети:
■ максималната количина на храна којашто
може да биде смрзната во рок од 24 часа е
прикажана на налепницата;
■ смрзнувањето трае 24 часа. Не треба да се
додава храна за смрзнување во тој период;
■ смрзнувајте само квалитетна, свежа и
убаво измиена храна;
■ поделете ја храната во мали порции за
да може брзо и целосно да се смрзне и
за да овозможите одмрзнување само на
потребните количества;
■ завиткајте ја храната во алуминиумска или
пластична фолија убаво и стегнато;