Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GAM 270 MFL Professional Originalbetriebsanleitung Seite 209

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GAM 270 MFL Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Приказ за измерената вредност и помош при израмнување
(види слика F)
Измерената вредност (n) се ажурира при секое движење на мерниот
уред. По поголеми движења на мерниот уред, почекајте со читањето на
измерената вредност, додека не стане непроменлива.
Во зависност од положбата на мерниот уред, измерената вредност и
мерната единица ќе се прикажат на екранот свртени за 180°. Притоа
приказот се чита и при работење на плафон.
Мерниот уред прикажува со помош при израмнување (h)/(i) на екранот,
во која насока мора да се закоси, за да се постигне целната вредност.
При стандардните мерења, целната вредност претставува хоризонтала
одн. вертикала, во функцијата Hold зачувана мерна вредност.
Ако се постигне целната вредност, се бришат стрелките на помошта при
израмнување (h)/(i) и при вклучениот сигнален тон се огласува
континуиран тон.
Бесконтактно мерење/пренесување на косини
Со помош на ласерот може бесконтактно да мерите одн. да пренесувате
косини, исто така и на големи растојанија.
Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не
u
погледнувајте директно во него, дури ни од голема
оддалеченост.
За обележување, секогаш користете ја само средината на
u
ласерската точка. Големината на ласерската точка се менува во
зависност од растојанието.
За мерење на косини израмнете го мерниот уред, така што ласерскиот
зрак ќе поминува по должината на површината којашто треба да се
измери. За пренесување на косини израмнете го мерниот уред, така
што саканата косина ќе се прикаже како измерена вредност (n), а
косината нанесете ја на целната површина со помош на ласерската
точка.
Напомена: При пренос на косините со помош на ласерот, имајте
предвид дека ласерот 30 mm излегува над долниот раб на мерниот уред.
Проверка на точноста и калибрирање на мерниот уред
Проверка на точност при мерење на косини
Проверете ја точноста на мерниот уред пред критични мерења, по
големи температурни промени како и по јаки удари.
Пред мерењето на косини < 45° проверката треба да се изврши на
рамна, хоризонтална површина, а пред мерењето на агли > 45° на
рамна, вертикална површина.
Вклучете го мерниот уред и поставете го на хоризонтална одн. на
вертикална површина.
Изберете ја мерната единица ° (види „Замена на мерна единица
(види слика B)", Страница 208).
Почекајте 10 s и потоа забележете ја измерената вредност (n) на
мерење на косини.
Свртете го мерниот уред за 180° околу вертикалната оска. Почекајте
повторно 10 s и потоа забележете ја втората измерена вредност (n) на
мерење на косини.
Калибрирајте го мерниот уред, само доколку разликата меѓу
u
двете мерни вредности е поголема од 0,1°.
Калибрирајте го мерниот уред во положба (вертикална одн.
хоризонтална), во којашто ќе биде утврдена разликата меѓу измерените
вредности.
Калибрирањето може да се изврши само со долната страна.
Калибрирање на хоризонтални површини за налегнување за
мерењето на косини (види слика I)
Површината на којашто го налегнувате мерниот уред, не смее да
отстапува повеќе од 5° од хоризонталата. Доколку отстапувањето е
поголемо, калибрирањето ќе се прекине со приказот ---.
Вклучете го мерниот уред и поставете го на хоризонтална
површина во таква положба, така што либелата за хоризонтално
израмнување (9) да гледа нагоре и екранот (7) да биде насочен
кон Вас. Почекајте 10 s.
Потоа притиснете го копчето за калибрирање за околу 2 s
UnitsCal (20), додека не се појави кратко CAL1 на екранот.
Потоа измерената вредност трепка (n) на екранот.
Свртете го мерниот уред за 180° околу вертикалната оска, така
што либелата за вертикално израмнување (9) и понатаму ќе
гледа кон нагоре, а екранот (7) сепак ќе биде свртен на страната
кон вас. Почекајте 10 s.
Потоа повторно притиснете го копчето за калибрирање
UnitsCal (20). На екранот кратко ќе се прикаже CAL2. Потоа се
појавува измерената вредност (n) (не трепка повеќе) на
екранот. Мерниот уред сега е одново калибриран за оваа
површина за налегнување.
Напомена: Доколку мерниот уред, не се врти околу оската којашто е
прикажана на сликите при чекорот ➂, калибрирањето не може да се
заврши.
Bosch Power Tools
Македонски | 209
1 609 92A 58L | (22.11.2019)

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis