Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GCM 12 GDL Professional Originalbetriebsanleitung Seite 358

Paneelsäge
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GCM 12 GDL Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
358 | Македонски
При ставањето на сечилото за пила носете заштитни
u
ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила
постои опасност од повреда.
Употребувајте само сечила за пила, чија максимално
дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи
на вашиот електричен алат.
Користете само сечила за пила, кои одговараат на
наведените податоци во ова упатство за употреба или се
проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само сечила за пила, што се препорачани од
производителот на овој електричен алат со погодни за
материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе
спречи прекумерно загревање на запците на пилата за
време на сечењето.
Вадење на сечилото за пила
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Рачно завртете ја завртката за блокада (42), додека да
може лостниот механизам (43) слободно да виси
надолу.
– Олабавете ја завртката за прицврстување (44) (околу
2 вртења) со клуч со внатрешна шестаголна глава (4
mm) (17).
Не ја одвртувајте целосно завртката.
– Олабавете ја завртката за прицврстување (45) (околу
6 вртења) со клуч со внатрешна шестаголна глава (4
mm) (17).
Не ја одвртувајте целосно завртката.
– Извлечете ја покривната плоча (46) од завртката за
прицврстување (45) нанапред и надолу.
– Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак
(4) и држете го во оваа позиција.
– Закачете го лостниот механизам (43) со отвор отворот
преку завртката за прицврстување (45).
Притоа осцилаторниот заштитен капак ќе се задржи во
отворена позиција.
– Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава
(48) со клуч со внатрешна шестаголна глава (6 mm)
(17) и истовремено притиснете ја блокадата на
вретеното (47), додека не се вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното (47) и
одвртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава
(48) во правец на стрелките на часовникот (лев
навој!).
– Извадете ја стезната прирабница (49).
– Извадете го сечилото за пила (40).
Монтирање на сечилото за пила
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Ставете го новото сечило за пила на внатрешната
стезна прирабница (50).
При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
u
запците (правецот на стрелката на сечилото за
пила) да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитниот капак!
1 609 92A 4CT | (20.07.2018)
– Поставете ги стезната прирабница (49) и завртката со
внатрешна шестаголна глава (48). Притиснете ја
блокадата на вретеното (47), додека не се вклопи и
затегнете ја завртката со внатрешна шестаголна глава
во правец спротивен на стрелките на часовникот.
– Олабавете го лостниот механизам (43) од завртката за
прицврстување (45) и повторно поместете го
осцилаторниот заштитен капак (4) надолу.
– Повторно поставете ја покривната плоча (46) под
завртката за прицврстување (45).
– Повторно затегнете ги завртките за прицврстување
(45) и (44).
– Вратете го лостниот механизам (43) во првобитната
позиција и повторно рачно затегнете ја завртката за
блокада (42).
Употреба
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Транспортен осигурувач (види слика A)
Транспортниот осигурувач (31) Ви овозможува лесно
ракување со електричниот алат при транспорт на
различни места на примена.
Отклучување на електричниот алат (работна
позиција)
– Притиснете ја надолу рачката на алатот (28) за
дршката (1), за да го ослободи транспортниот
осигурувач (31).
– Притоа, целосно извлечете го нанадвор транспортниот
осигурувач (31).
– Полека водете ја лизгачката рачка (28) нагоре.
Прицврстување на електричниот алат (позиција за
транспорт)
– Притиснете ја лизгачката рачка (28) целосно наназад
и фиксирајте ја во оваа позиција (види „Осигурување
на лизгачката рачка (види слика B2)", Страница 359).
– Водете ја лизгачката рачка надолу додека
транспортниот осигурувач (31) целосно не се
притисне навнатре.
Останати напомени: (види „Транспорт (види слика Z)",
Страница 365)
Блокирајте ја лизгачката рачка
Лизгачкиот механизам на лизгачката рачка (28) може да
се блокира со помош на затегнувачкиот лост (25).
Притоа можни се две позиции на лизгачката рачка:
– Лизгачката рачка е поместена сосема наназад (за
сечење со отсекување)
– Лизгачката рачка е повлечена нанапред (за компактна
позиција за транспорт)
Bosch Power Tools

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis