Работно опкружување
П Р Е Д У П Р Е Д У В А Њ Е
Инструментот не смее да се користи во опасни опкружувања.
Производителот и неговите снабдувачи се оградуваат од каква било јасна
или индиректна одговорност во однос на активностите со висок ризик.
И З В Е С Т У В А Њ Е
Секое користење кое е спротивно во однос на барањата дефинирани во
упатството за користење води до губење на правото на побарувања од
гаранцијата и може да доведе до лична повреда и оштетување на имотот,
за што производителот не презема никаква одговорност.
Следете ги следните безбедносни упатства, заедно со локалните
важечки упатства.
Безбедносни упатства за регуларната употреба на уредот:
•
Немојте да ракувате со уредот во близина на запаливи
супстанци, како што се горива, лесно запаливи хемикалии
и експлозиви.
•
Немојте да ракувате со уредот во близина на запаливи гасови,
пареа или прав.
•
Немојте да го подложувате уредот на силни вибрации или
удари.
•
Немојте да го отворате уредот.
•
Гаранцијата се поништува доколку инструментот не се користи
во согласност со упатствата во овој документ.
Надгледувајте ги следните точки за да му дозволите на
инструментот да функционира нормално и да има долг работен век.
•
Поставете го инструментот безбедно на рамна површина,
водејќи сметка да отстраните какви било предмети кои се
наоѓаат под уредот.
•
Собната температура за транспорт, складирање и работење
треба да биде помеѓу +16 и +29 °C.
И З В Е С Т У В А Њ Е
Заштитете го инструментот од екстремните температури од греалките,
директната сончева светлина и другите извори на топлина.
•
Релативната влажност треба да изнесува помалку од 80 %;
влагата не треба да се кондензира на инструментот.
•
Оставете најмалку 15 cm простор над инструментот и од
неговите страни за да дозволите циркулирање на воздухот
и да спречите прегревање на електричните делови.
•
Немојте да го користите или складирате уредот на екстремно
правливи, влажни или мокри места.
Хемиска и биолошка безбедност
О П А С Н О С Т
Потенцијална опасност при контакт со хемиски/биолошки супстанци.
Работењето со хемиски примероци, стандарди и реагенси може да биде
опасно. Запознајте се со основните безбедносни процедури и правилното
ракување на хемикалиите пред да работите со уредот и прочитајте ги и
следете ги сите релевантни безбедносни информации.
Нормалното работење со овој инструмент може да вклучува
користење на опасни хемикалии или биолошки штетни примероци.
•
Пред да ракувате со овие супстанци, разгледајте ги сите
забелешки за опасностите и безбедносните информации
испечатени на контејнерите на оригиналните раствори и листот
со безбедносни податоци.
•
Фрлете ги сите искористени раствори во согласност со
националните прописи и закони.
•
Изберете го типот на заштитна опрема во согласност со
концентрацијата и квантитетот на опасната супстанца на
соодветното работно место.
Македонски 247