• Никогаш не вклучувајте го алатот додека не е
целосно составен. Користењето на алатот кога не
е целосно составен може да предизвика сериозна
телесна повреда од случајно вклучување.
Монтирање на рачката (Слика. 5)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
• Не вадете го и не стеснувајте го разделникот
или перничето. Разделникот одржува одредено
растојание меѓу двете дланки. Поставување на
составот за држење/бариера близу до другиот
состав за држење над должината на разделникот
може да предизвика губење на контролата и
сериозна телесна повреда.
Поставете ја рачката и бариерата над гумениот дел
на цевката на осовината. Нагодете ја локацијата на
рачката, а потоа стегнете ги со четирите навртки.
Одобрена комбинација на алатот за сечење и
штитникот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
• Секогаш користете го алатот со одобрената
комбинација на заштитна опрема. Во спротивно
контактот со алатот за сечење може да предизвика
сериозна повреда.
• Никогаш
не
користете
илустрираниот
штитник
Непридржувањето до тоа може да предизвика
сериозна лична повреда.
ЗАБЕЛЕШКА:
• Стандардниот прибор зависи од моделот и земјата.
За сечило (Слика. 6)
За најлонска глава за сечење (Слика. 7)
Монтирање на штитникот за сечило (Слика. 8)
1. Порамнете ги отворите на внатрешниот штитник
и отворите на куќиштето на преносниот систем.
2. Потоа затегнете ги со три завртки.
Монтирање на штитникот за најлонска глава
ВНИМАНИЕ:
• Внимавајте да не се повредите себе си на секачот
за сечење на најлонската жица.
• Не заборавајте да го отстраните штитникот на
секачот пред користењето.
1. Порамнете ги четирите завртки на надворешниот
штитник со отворите на внатрешниот штитник.
(Слика. 9)
2. Затегнете ги со четирите завртки.
3. Порамнете ги отворите на внатрешниот штитник
и отворите на куќиштето на преносниот систем.
4. Затегнете ги со завртки. (Слика. 10)
Монтирање на сечилото
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
• Надворешниот дијаметар на сечилото мора да
биде 230 мм. Никогаш не користете какво било
сечило што надминува 230 мм на надворешниот
дијаметар.
ВНИМАНИЕ:
• Сечилото мора да биде добро исполирано, без
пукнатини или скршени делови. Полирајте го или
заменете го сечилото по секои три часа работење.
• Секогаш носете ракавици кога ракувате со сечилото.
• Секогаш поставувајте го капакот на сечилото кога
алатот не се употребува или се транспортира.
174
го
алатот
без
на
своето
место.
• Навртката за прицврстување на сечилото се троши
со тек на време. Ако се забележи некакво трошење
или деформација, заменете ја навртката. Побарајте
вашиот локален овластен сервисен центар да ја
нарача.
НАПОМЕНА:
• Осигурете се дека користите оригинално сечило.
Свртете го алатот наопаку за лесно да може да го
замените сечилото. (Слика. 11)
1. Поставете ја приемната шајбна на оската.
2. Вртете ја приемната шајбна додека жлебот на
приемната шајбна не се постави врз жлебот на
куќиштето на преносниот систем.
3. Поставете ја округлата прачка низ двата жлеба за
приемната шајбна да не може да се врти.
4. Ставете го сечилото на приемната шајбна.
5. Ставете ја стезната шајбна на сечилото.
6. Ставете ја чашката на сечилото.
7. Прицврстете ги со навртка вртејќи ја спротивно на
стрелките на часовникот додека ја придржувате
округлата прачка.
За да го извадите сечилото, направете ги погоре
споменатите чекори по спротивен редослед.
Монтирање на најлонска глава за сечење
(Слика. 12)
НАПОМЕНА:
• Треба да користите оригинална најлонска глава за
сечење.
Свртете го алатот наопаку за лесно да може да ја
замените најлонската глава за сечење.
ЗАБЕЛЕШКА:
• Извадате го капакот на конецот за сечење пред
употреба.
1. Поставете ја приемната шајбна на оската.
2. Вртете ја приемната шајбна додека жлебот на
приемната шајбна не се постави врз жлебот на
куќиштето на преносниот систем.
3. Поставете ја округлата прачка низ двата жлеба за
приемната шајбна да не може да се врти.
4. Наместете ја најлонската глава за сечење со
вртење во правец спротивен на стрелките на
часовникот.
5. Извадете ја округлата прачка по монтирањето на
најлонската глава за сечење.
За да ја извадите најлонската глава за сечење,
направете ги погоре споменатите чекори по спротивен
редослед.
ФУНКЦИОНИРАЊЕ
Правилно работење со алатот (Слика. 13)
Правилна позиција
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
• Алатот секогаш поставувајте го на вашата десна
страна, така што бариерата секогаш да биде
пред вашето тело. Правилното поставување на
алатот овозможува максимална контрола, а исто
така го намалува ризикот од сериозна телесна
повреда предизвикана од повратен удар.