Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GCR 180 Professional Originalbetriebsanleitung Seite 95

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GCR 180 Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-2243-002.book Page 95 Friday, August 19, 2016 10:34 AM
 Избегнувајте абнормално држење на телото.
Застанете во сигурна положба и постојано држете
рамнотежа. На тој начин ќе може подобро да го
контролирате електричниот апарат во неочекувани
ситуации.
 Чувајте ги подалеку од дофатот на деца сталажите
за дупчалка кои не ги користите. Овој уред не смее
да го користат лица кои не се запознаени со него или
не ги имаат прочитано овие упатства. Уредите се
опасни, доколку ги користат неискусни лица.
 Обезбедете го сталакот на дупчалката пред да
работите на сталакот за дупчалка или дупчалка, во
работните паузи како и при неупотреба преку
затегнување на сопирачката за блокирање 13
против ненамерното движење.
 Електричниот алат може да се стави во употреба
само на систем за напојување со заштитен
проводник и соодветно димензионирање.
 Стaлакот за дупчалка зацврстете го секогаш со
типли или вакуум (опрема), за да избегнете
превртување на сталакот за дупчалка при поставена
дијамантска дупчалка и крунеста бургија.
При дупчење на плафон,
мора да се собере водата
што излегува. Ставете го
електричниот алат во
сталакот за дупчалка и
монтирајте го прстенот за
собирање на вода (види „Монтажа на прстенот за
собирање на вода", страна 97).
 Внимавајте цревата што спроведуваат вода,
местата на спојување и прстенот за собирање на
вода (опрема) да бидат во беспрекорна состојба.
Пред следната употреба, заменете ги оштетените
или изабени делови. Излегувањето на вода од
деловите на електричниот апарат го зголемува ризикот
од електричен удар.
 Придржувајте се до важечките национални и
меѓународни норми.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на сталакот за дупчалката, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Сталакот за дијамантска дупчалка е одредено за
вградување на Bosch-дијамантски дупчалки GDB 180 WE.
Други уреди не може да се постават.
Bosch Power Tools
Сталакот на дијамантската дупчалка може да се монтира
се помош на типли на под или на ѕид, како и да биде
зацврстен на плафон.
Сталакот на дијамантската дупчалка може да се монтира
со помош на вакуум (опрема) на подот или (со
дополнителен елемент за прицврстување) на ѕид. Не е
дозволено прицврстување на плафон.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на сталакот за дупчалка на графичката страница.
1 Вртлив крст
2 Завртка за прифатот на уредот
3 Прифат за уредот
4 Столб за дупчење
5 Горна завртка за подесување на аголот на дупчење
6 Завртка за нивелирање
7 Прстен за собирање на вода*
8 Долна завртка за подесување на аголот на дупчење
9 Подна плоча
10 Назабена летва
11 Затегнувачка навртка за подесување на аголот на
дупчење
12 Запченик за поместување
13 Сопирачка за фиксирање
14 Либела за вертикално центрирање (GDB 180 WE)
15 Либела за хоризонтално центрирање (GDB 180 WE)
16 Типла за ѕидни/бетонски конструкции*
17 Брзозатегнувачко вретено*
18 Пеперутка-навртка*
19 Затегнувачка пружина на прстенот за собирање вода*
20 Лизгачки водилки
21 Шестoаголна навртка за лизгачките водилки
(10 парчиња)
22 Навоен клин за лизгачките водилки (10 парчиња)
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
1 609 92A 3A3 | (19.8.16)
Македонски | 95

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis