Содржина
Инструкции за безбедност
Пред монтажата и употребата на овој
апарат, внимателно прочитајте ги
доставените упатства. Производителот не
е одговорен ако неправилната монтажа и
употреба предизвикаат повреди и
оштетувања. Секогаш чувајте го
упатството со апаратот за идна употреба.
Безбедност на деца и ранливи лица
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Ризик од
задушување, повреда или траен
инвалидитет.
• Овој апарат може да го користат деца на
возраст од 8 години и постари и лица со
намалени физички, сетилни или
ментални способности или со недостаток
на искуство и знаење доколку ги
надгледува или им дава инструкции за
работата на апаратот лице кое е
одговорно за нивната безбедност.
• Не дозволувајте им на децата да играат
со апаратот.
• Чувајте го пакувањето настрана од
дофат на деца.
• Чистењето и одржувањето од страна на
корисникот не треба да го прават деца
без надзор.
Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Апаратот мора
да биде монтиран само од
квалификувано лице.
• Извадете ја целата амбалажа.
• Немојте да монтирате ниту да користите
оштетен апарат.
• Придржувајте се до упатството за
монтажа приложено со апаратот.
www.zanussi.com
Можноста за промени е задржана.
• Секогаш внимавајте кога го
преместувате апаратот затоа што е
тежок. Секогаш носете заштитни
ракавици.
• Овозможете кружење на воздух околу
апаратот.
• Почекајте барем 4 часа пред да го
поврзете апаратот со струја. Ова
овозможува маслото да истече назад во
компресорот.
• Не монтирајте го апаратот во близина на
радијатори или шпорети, печка или
плотни.
• Се однесува само на апарати кои се
поврзуваат со вода: поврзувајте само
со довод на вода за пиење.
• Задната површина на апаратот мора да
се стави кон ѕидот.
• Не монтирајте го апаратот на места
кадешто има директна сончева
светлина.
Поврзување на струјата
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Ризик од пожар и
струен удар.
• Апаратот мора да биде заземјен.
• Секое поврзување на струја треба да
биде направено од квалификуван
електричар.
• Проверете дали информацијата за
напојување со струја на плочката со
спецификации се совпаѓа со
напојувањето со струја. Доколку не се
совпаѓа, контактирајте со електричар.
• Секогаш користете правилно монтиран
штекер отпорен на струјни удари.
27