y
Надворешност
ży
y
Внатрешност
После
чистењето
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
e
ВНИМАНИЕ
2-MFL67788701_POLISH.indd 10
Совети за заштеда на електрична енергија
Ве молиме, не држете ја вратата отворена долго време, затворете ја во најкратко
•
време.
Не се препорачува чување на премногу храна. Треба да се остави доволно простор
•
за да се овозможи соодветно циркулирање на воздухот.
Не поставувајте ја температурата на замрзнувачот пониско од потребното. Не
•
ставајте храна во близина на сензорите за температура. Оставете најмалку 5 мм
растојание од сензорите.
Прво оставете ја да се излади топлата храна пред да ја ставите во фрижидер.
•
Ставањето топла храна во фрижидерот може да влијае врз другата храна и
доведува до поголема потрошувачка на енергија.
Не блокирајте ги отворите за воздух. Непреченото циркулирање на воздух ја
•
одржува температурата на соодветно ниво.
Не отворајте ја вратата често. Отворањето на вратата овозможува топлиот воздух
•
да навлезе во замрзнувачот и да ја зголеми температурата.
Поставеноста на полиците, корпите и фиоките обезбедени од производителот е
•
најефикасна во однос на заштедата на енергија.
Чистење
Важно е вашиот фрижидер да го одржувате чист за да спречите настанување на
непријатни миризби. Истурената храна треба веднаш да се избрише, бидејќи може да
се скисели и да ги дамкоса пластичните површини доколку се засуши на нив.
Користете млака вода, раствор од благ сапун или детергент за да го исчистите
долготрајниот финиш на вашиот фрижидер. Избришете со чиста влажна крпа, а
потоа со сува.
Се препорачува редовно чистење. Измијте ги сите прегради со раствор од сода
бикарбона или благ детергент и топла вода. Исплакнете и пребришете.
Проверете дали кабелот за струја е оштетен, прегреан или добро вметнат во
штекерот на ѕидот.
Секогаш вадете го кабелот за струја од штекерот во ѕидот пред чистење во близина
на електрична опрема (светла, прекинувачи, контроли, итн.). Избришете го вишокот
влага со сунѓер или крпа за да спречите вода или течност да навлезе во некој
електричен дел и да предизвика струен удар. Никогаш не користете метални сунѓери,
абразивни средства за чистење, јаки алкални раствори, запаливи или токсични
течности за чистење на која било површина. Не допирајте ги замрзнатите површини
со водени или влажни раце, затоа што влажни предмети можат да се залепат на
екстремно ладни површини.
Не прскајте директно вода внатре или надвор на фрижидерот. - Постои опасност
•
од пожар или струен удар.
Не прскајте производи за чистење директно врз дисплејот. - Може да се
•
избришат печатените букви на дисплејот.
Отстранете каква било туѓа материја или прашина од приклучната вилушка. Но
•
не користете мокра или влажна крпа кога го чистите приклучникот, отстранете
каква било туѓа материја или прашина од приклучната вилушка.
- Инаку постои опасност од пожар или струен удар.
10
Грижа и одржување
2013.5.3 1:51:35 PM