(види слика H) . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 446
(види слика I) . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 446
Македонија . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 448
Транспорт . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 448
Отстранување . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 449
Безбедносни напомени
Ротационен ласер
Сите упатства треба да се прочитаат и да
се внимава на нив, за да може безбедно и
без опасност да работите со мерниот
уред. Не ја оштетувајте ознаката за
предупредување на мерниот уред.
ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА И
ПРЕДАДЕТЕ ГИ ЗАЕДНО СО МЕРНИОТ
УРЕД.
Внимание - доколку користите други уреди за
подесување и ракување освен овде наведените или
поинакви постапки, ова може да доведе до опасна
изложеност на зрачење.
Мерниот уред се испорачува со натпис за
предупредување (означено на приказот на мерниот
уред на графичката страна со број 8).
Bosch Power Tools
Доколку текстот на налепницата за предупредување
не е на вашиот јазик, врз него залепете ја
налепницата на вашиот јазик пред првата употреба.
Не го насочувајте ласерскиот зрак на
лица или животни и не погледнувајте
директно во него или неговата
рефлексија. Така може да ги заслепите
лицата, да предизвикате несреќи или да
ги оштетите очите.
Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш
треба да ги затворите и да ја тргнете главата од
ласерскиот зрак.
Не вршете никакви промени на ласерскиот уред.
Не ги користете ласерските очила како заштитни
очила. Ласерските очила служат за подобро
препознавање на ласерскиот зрак, но не заштитуваат
од ласерското зрачење.
Не ги користете ласерските очила како очила за
сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не
даваат целосна UV-заштита и го намалуваат
препознавањето на бои.
Мерниот уред смее да се поправа само од страна на
квалификуван стручен персонал со оригинални
резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни
во безбедноста на мерниот уред.
Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот
мерен уред без надзор. Може да ги заслепат другите
лица поради невнимание.
Не работете со мерниот уред во околина каде постои
опасност од експлозија, каде има запаливи
течности, гас или прашина. Мерниот уред создава
искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
Заштитете го мерниот уред од топлина, на пр. од
долготрајно изложување на сончеви зраци,
оган, вода и влага. Постои опасност од
експлозија.
При погрешно користење, може да истече течноста
од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете
ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со
очите, побарајте лекарска помош. Истечената
течност од батеријата може да предизвика кожни
иритации или изгореници.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
Наполнете ја батеријата со испорачаниот полнач.
Доколку полначот кој е прилагоден на еден соодветен
вид батерии, го користите со други батерии, постои
опасност од пожар.
Македонски | 431
2 610 031 676 | (15.7.14)