OBJ_BUCH-3211-001.book Page 117 Wednesday, December 13, 2017 11:58 AM
Постапувајте грижливо со елек-
тричниот апарат. Електричниот
апарат создава јака топлина, која
може да доведе до зголемена
опасност од пожар или експлозија.
Бидете особено внимателно, доколку работите во
близина на запаливи материјали. Врелата воздушна
струја одн. врелата млазница може да ја запалат правта
или гасовите.
Не работете со електричниот апарат во простори
каде постои опасност од експлозија.
Не ја насочувајте врелата воздушна струја подолго
време на едно исто место. Може да се создадат лесно
запаливи гасови напр. при обработка на вештачки
материјали, бои, лакови или слични материјали.
Внимавајте на тоа дека топлината може да се спро-
веде до покриени запаливи материјали и да ги запали.
По употребата безбедно оставете го електричниот
алат на полиците и оставете го целосно да се излади
пред да го спакувате. Жешката млазница може да
предизвика штети.
Доколку е вклучен електричниот апарат, не го
оставајте без надзор.
Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електрич-
ните апарати кои не ги користите. Електричниот апа-
рат не смее да го користат лица кои не се запознаени
со него или не ги имаат прочитано овие упатства.
Електричните апарати се опасни, доколку ги користат
неискусни лица.
Електричниот апарат држете го подалеку од дожд и
влага. Навлегувањето на вода во електричниот апарат
го зголемува ризикот од електричен удар.
Не го користите кабелот за друга намена, за да го
носите електричниот апарат, за да го закачите или
да го влечете приклучокот од ѕидната дозна. Држете
го кабелот понастрана од топлина, масло, остри
рабови или подвижните компоненти на уредот.
Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за
електричен удар.
Секогаш носете заштитни очила. Заштитните очила го
намалуваат ризикот од повреди.
Извлечете го приклучокот од приклучницата, пред
да почнете да го подесувате уредот, да менувате
делови од опремата или доколку долго време не сте
го користеле електричниот апарат. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на електричниот уред.
Пред секое користење, проверете го електричниот
апарат, кабелот и приклучокот. Не го користете
електричниот апарат, доколку приметите оштету-
вања. Не го отворајте сами електричниот апарат и
оставете го на поправка кај квалификуван стручен
персонал кој ќе користи само оригинални резервни
делови. Оштетените електрични апарати, кабел и
приклучок го зголемуваат ризикот за електричен удар.
Bosch Power Tools
Добро проветрете го Вашето работно
место. Гасовите и пареата коишто
настануваат при работењето често пати
се опасни по здравјето.
Носете заштитни ракавици и не ја допирајте врелата
млазница. Постои опасност од изгореници.
Не ја насочувајте врелата воздушна струја на лица
или животни.
Не го користете електричниот апарат како фен за
сушење коса. Воздушната струја што излегува од него
е значително поврела одошто кај феновите за сушење
коса.
Доколку користењето на електричниот апарат во
влажна околина не може да се избегне, користете
заштитен уред со диференцијална струја.
Употребата на заштитниот уред со диференцијална
струја го намалува ризикот од електричен удар.
Електричниот апарат не го користете доколку кабе-
лот е оштетен. Не го допирајте оштетениот кабел и
не го влечете струјниот приклучок, доколку кабелот
се оштети за време на работењето. Оштетениот кабел
го зголемува ризикот за електричен удар.
Внимавајте на тоа да не навлезат туѓи тела во елек-
тричниот алат.
Растојанието на млазниците до делот што се обра-
ботува зависи од материјалот што се обработува
(метал, пластика итн.) и наменетиот вид на обработ-
ка. Секогаш прво направете тест на количината на
воздух и температурата.
Опис на производот и моќноста
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за преобликување и
заварување на пластика, отстранување на слоеви боја и за
загревање на термособирачки црева. Тој исто така е
погоден и за летување и калаисување, олабавување на
залепени споеви и за одмрзнување на водоводи.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Млазница
2 Топлотна заштита, може да се извади
3 Површина за одложување
4 Прекинувач за вклучување/исклучување и степени
на јачина
5 Меморија
6 Температура
7 Исклучување со термичка заштита
Македонски | 117
1 609 92A 3X6 | (13.12.17)