Anleitung_BG_DP_7535_SPK4:_
MK
изнесува 230 V ~ 50 Hz.
Проверете, дали штекерот за струја е во
исправна и уредна состојба.
Уверете се, дека ниту влажност ниту вода
никогаш не можат да допрат до мрежниот
приклучок.
Избегнете работа на апаратот на „суво".
Нагодување на моментот на Вкл/Искл:
Моментот на вклучување односно исклучување
на прекинувачот-пловка може да биде нагоден со
промена на овој прекинувач во неговото
лежиште.
Ве молиме проверете ги следните точки пред
ставање во употреба:
Прекинувачот-пловка мора да биде така
поставен, што висината на моментот на
вклучување: ВКЛ и висината на моментот на
исклучување: ИСКЛ може да биде постигнат
лесно и со мал напор. Проверете го ова така,
што ќе го ставите апаратот во еден сад полн
со вода, при што прекинувачот-пловка
внимателно ќе го подигате, а потоа повторно
ќе го спуштите. Притоа можете да видите,
дали апаратот се вклучува односно
исклучува.
Исто така внимавајте и на тоа, растојанието
меѓу главата на прекинувачот-пловка и на
држачот за кабел да не биде премногу мало.
При прекратко растојание не може да се
гарантира исправно функционирање.
При нагодувањето на прекинувачот-пловка
внимавајте на тоа, прекинувачот да не го
допре дното пред апаратот да се исклучи.
Внимание! Опасност од „сува" работа.
7. Замена на водот за мрежен
приклучок
Доколку водот за мрежен приклучок на овој
апарат се оштети, мора да биде заменет од
страна на производителот или од службата за
клиенти или, пак, од слично квалификувано лице,
за да се избегнат опасности.
8. Чистење, одржување и нарачка на
резервни делови
Внимание!
Пред секаков вид активности за одржување
извадете го утикачот.
Во случај на употреба при транспортирање,
26
23.06.2008
15:25 Uhr
Seite 26
по секоја употреба апаратот треба да биде
исчистен со чиста вода.
При стационарна инсталација се препорачува
контрола на функционирањето на
прекинувачот-пловка на секои 3 месеца.
Парталави и влакнести честици што
евентуално се залепиле на куќиштето,
отстранете ги со млаз вода.
На секои три месеци исчистете ги тињата и
милот од дното на шахтата и исчистете ги
ѕидовите на шахтата.
Со чиста вода исчистете го прекинувачот-
пловка од талози.
8.1 Чистење на перката
При преголемо таложење на куќиштето, долниот
дел на апаратот мора да биде демонтиран на
следниот начин:
1. Извадете ја корпата за всмукување од
куќиштето.
2. Исчистете ја перката со чиста вода.
Внимание! Не оставајте го и не го потпирајте
апаратот врз перката!
3. Монтирањето се врши во обратен редослед.
8.2 Одржување
Во внатрешноста на апаратот не постојат
делови, за кои е потребно одржување.
8.3 Нарачка на резервни делови:
При нарачката на резервни делови потребно е да
се наведат следните податоци:
Тип на апаратот
Број на артикл на апаратот
Идент. број на апаратот
Број на резервен дел за потребниот резервен
дел
Актуелни цени и информации можете да најдете
на www.isc-gmbh.info
9. Отстранување и повторна
употреба
Апаратот се наоѓа во пакување за да се спречат
штети при транспортот. Ова пакување е
суровина, па може да се употребува повторно или
да се врати во циркулацискиот круг на
суровините. Апаратот и неговите дополнителни
делови се состојат од различни материјали, како
на пример од метал и од пластика. Дефектните
елементи отстранете ги во специјален смет.
Прашајте во специјализирана продавница или во
општинската управа!