Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GKS 600 Professional Originalbetriebsanleitung Seite 151

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-2756-001.book Page 151 Tuesday, January 19, 2016 2:29 PM
 Доколку сакате повторно да ја стартувате пилата
што е заглавена во делот што се обработува,
центрирајте го листот на пилата во резниот процеп и
проверете, дали се заглавени запците од пилата во
делот што се обработува. Доколку е заглавен листот
на пилата, тој може да излезе од делот што се
обработува и да предизвика повратен удар, доколку
пилата одново се стартува.
 Потпрете со големи плочи, за да го избегнете
ризикот од повратен удар поради заглавен лист од
пилата. Големите плочи може да се свиткаат под
својата тежина. Плочите мора да ги потпрете на двете
страни, како во близина на местото на сечење, така и на
ивиците.
 Не користете тапи или оштетени листови за пила.
Листовите на пилата со тапи или неправилни запци,
заради претесниот резен процеп, предизвикуваат
зголемено триење и заглавување на листот на пилата
или повратен удар.
 Пред сечењето со пила зацврстете ги шрафовите за
подесување на длабочината и аголот на сечење.
Доколку за време на сечењето се променат поставките,
листот на пилата може да се заглави и да настане
повратен удар.
 Особено бидете претпазливи при длабинско сечење
во скриено подрачје, како на пример, во ѕид. Листот
на пилата може да се блокира при сечењето во скриени
предмети или да предизвика повратен удар.
Функција на долната заштитна хауба
 Пред секое користење, проверете дали долната
заштитна хауба се затвора беспрекорно. Не ја
користете пилата доколку долната заштитна хауба
не се врти слободно или не се затвора веднаш. Не ја
затегнувајте и зацврстувајте долната заштитна
хауба никогаш во отворена позиција. Доколку пилата
падне на под поради невнимание, долната заштитна
хауба би можела да се оштети. Отворете ја заштитната
хауба со лостот за повлекување може слободно да се
движи и дали во секој агол и длабочина на сечење не го
ниту допира листот на пилата ниту другите делови.
 Проверете ја функцијата на пружината на
заштитната хауба. Доколку долната заштитна хауба
и пружината не се беспрекорни, пилата треба да ја
пратите на одржување пред да ја употребите.
Оштетените делови, насобраната прашина или
струготини ја забавуваат функцијата на заштитната
хауба.
 Отворете ја долната заштитна хауба со рака, за
специјални резови како „за резови со вдлабнување
и аголни резови". Отворете ја долната заштитна
хауба со лостот за повлекување и отпуштете го,
штом ќе вдлабне листот на пилата во делот што се
обработува. При секое друго работење со пилата,
долната заштитна хауба треба автоматски да работи.
Bosch Power Tools
 Никогаш не ја ставајте пилата на работната маса или
на подот, доколку долната заштитна хауба не го
покрива листот на пилата. Незаштитениот лист на
пилата ќе ја придвижи пилата спротивно од правецот на
сечење и ќе исече се што му стои на патот. Земете го во
обѕир времето потребно за да запре пилата.
Дополнителни сигурносни напомени
 Не ја фаќајте исфрлената струготина со раце. Може
да се повредите од ротирачките делови.
 Не работете со пилата на плафон. Тогаш немате
доволна контрола врз електричниот апарат.
 Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување или може да
предизвика електричен удар.
 Не го фиксирајте електричниот апарат. Тој не е
предвиден за работа на маса за сечење.
 Не користете листови на пила од HSS-челик. Таквите
листови на пила може лесно да се скршат.
 Не сечете железни метали. Струготините би можеле
да го запалат вшмукувачот за прав.
 При работата, држете го електричниот апарат
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна
положба. Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
 Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за правење на должински
и напречни резови на дрво со рамни и коси резови. Со
соодветни листови за пила може да се сечат и тенки
нежелезни метали, напр. профили.
Обработката на железни метали не е дозволена.
Македонски | 151
1 609 92A 1RW | (19.1.16)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis