OBJ_BUCH-2949-001.book Page 178 Monday, August 15, 2016 11:22 AM
178 | Македонски
високопритисно црево мора
веднаш да се замени. Користете
само црева и спојки коишто ги
препорачува произведувачот на
уредот.
Високопритисните црева, фитинзи
и спојки се важни за безбедно
ракување со уредот. Употребувајте
само црева, фитинзи и спојки
коишто ги препорачува
произведувачот на уредот.
За напој користете само чиста или
филтрирана вода.
Примена
Пред употреба проверете дали
уредот и дополнителната опрема се
во фунционална состојба и дали се
безбедни за употреба. Не
користете го уредот доколку не е во
одлична состојба.
Не насочувајте го млазот кон себе
или кон други со цел за чистење на
облеката или обувките.
Не користете го уредот со течни
растворувачи, неразредени
киселини, ацетон или други
средства како бензин, разредувачи
или горивна нафта, бидејќи
нивните испарувања се лесно
запалливи, експлозивни и отровни.
Доколку уредот се користи на
места со намалена безбедност (на
пример на нафтно
преточувалиште) следете ги
соодветните безбедносни мерки.
Употребата е забранета на места на
коишто постои опасност од
експлозија.
Уредот мора да се стави на цврста
подлога.
F 016 L81 613 | (15.8.16)
При употреба во затворено
обезбедете доволна проветреност.
Пред секое чистење осигурајте се
дека уредот е исклучен (моторот
згаснат).
Уредот се употребува држејќи го со
обете раце. Не работете на скали.
На балкони и други издигнати
површини работете така да
секогаш можете да ги видите сите
агли.
Употребувајте само детергенти
коишто ги препорачува
произведувачот на уредот и
следете ги упатствата за употреба,
одлив и безбедност дадени од
произведувачот на детергентот.
Сите компоненти во работниот
простор коишто пренесуваат струја
мора да бидат заштитени од
прскање на вода.
При користењето на уредот,
прекинувачот пиштолот не смее да
биде заглавено на позицијата «ON».
Носете соодветно заштитно одело
од прскање на вода. Не работете со
уредот во близина на луѓе коишто
не носат заштитно одело.
Ако е неопходно, носете хемиско-
техничко заштитна (ХТЗ) опрема,
на пример наочари или маска што
штити од прскање на вода,
честички или аеросоли.
Некои предмети можат да
отскокнат поради високиот
притисок на млазот. Ако е
потребно, носете лична заштита, на
пример заштитни наочари.
Bosch Power Tools