Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GSC 2,8 Professional Originalbetriebsanleitung Seite 102

Blechschere
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GSC 2,8 Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

OBJ_BUCH-598-003.book Page 102 Friday, April 29, 2016 3:35 PM
102 | Македонски
Поимот „електричен алат" во напомените за безбедност се
однесува на електрични апарати што користат струја (со
струен кабел) и електрични апарати што користат батерии
(без струен кабел).
Безбедност на работното место
 Работниот простор секогаш нека биде чист и добро
осветлен. Неуредниот или неосветлен работен
простор може да доведе до несреќи.
 Не работете со електричниот апарат во околина
каде постои опасност од експлозија, каде има
запаливи течности, гас или прашина. Електричните
апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта
или пареата.
 Држете ги децата и другите лица подалеку за време
на користењето на електричниот апарат. Доколку
нешто Ви го попречи вниманието, може да ја изгубите
контролата над уредот.
Електрична безбедност
 Приклучокот на електричниот апарат мора да
одговара на приклучокот во ѕидната дозна. При-
клучокот во никој случај не смее да се менува. Не
употребувајте прекинувач со адаптер заедно со
заземјениот електричен апарат. Неменувањето на
прекинувачот и соодветните ѕидни дозни го намалуваат
ризикот од електричен удар.
 Избегнувајте физички контакт со заземјените
површини на цевки, радијатори, шпорет и
фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен
удар, доколку Вашето тело е заземјено.
 Електричните апарати држете ги подалеку од дожд
и влага. Навлегувањето на вода во електричниот
апарат го зголемува ризикот од електричен удар.
 Не го користите кабелот за друга намена, за да го
носите електричниот апарат, за да го закачите или
да го влечете приклучокот од ѕидната дозна. Држете
го кабелот понастрана од топлина, масло, остри
рабови или подвижните компоненти на уредот.
Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за
електричен удар.
 Доколку со електричниот апарат работите на
отворено, користете само продолжен кабел што е
погоден за користење на надворешен простор.
Користењето на соодветен продолжен кабел на
отворено го намалува ризикот од електричен удар.
 Доколку користењето на електричниот апарат во
влажна околина не може да се избегне, користете
заштитен уред со диференцијална струја. Употре-
бата на заштитниот уред со диференцијална струја го
намалува ризикот од електричен удар.
Безбедност на лица
 Бидете внимателни како работите и разумно
користете го електричниот апарат. Не користете
електрични апарати, доколку сте уморни или под
влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент
на невнимание при употребата на електричниот апарат
може да доведе до сериозни повреди.
1 609 92A 2PV | (29.4.16)
 Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни
очила. Носењето на заштитна опрема, како на пр.маска
за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем
или заштита за слухот, во зависност од видот и приме-
ната на електричниот апарат, го намалува ризикот од
повреди.
 Избегнувајте неконтролирано користење на апа-
ратите. Осигурете се, дека е исклучен електричниот
апарат, пред да го приклучите на напојување со
струја и/или на батерија, пред да го земете или
носите. Доколку при носењето на апаратот, сте го
ставиле прстот на прекинувачот или сте го приклучиле
уредот додека е вклучен на напојување со струја, ова
може да предизвика несреќа.
 Извадете ги алатите за подесување или клучевите за
зашрафување, пред да го вклучите електричниот
апарат. Доколку има алат или клуч во некој од деловите
на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди.
 Избегнувајте абнормално држење на телото.
Застанете во сигурна положба и постојано држете
рамнотежа. На тој начин ќе може подобро да го
контролирате електричниот апарат во неочекувани
ситуации.
 Носете соодветна облека. Не носете широка облека
или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците
подалеку од подвижните делови. Лесната облека,
накитот или долгата коса може да се зафатат од
подвижните делови.
 Доколку треба да се инсталираат уреди за вшму-
кување прав, осигурете се дека тие правилно се
приклучени и прикладно се користат. Користењето
на вшмукувач за прав не ја намалува опасноста од
прав.
Користење и ракување со електричниот апарат
 Не го преоптоварувајте уредот. Користете го
соодветниот електричен апарат за Вашата работа.
Со соодветниот електричен апарат ќе работите
подобро и посигурно во зададениот домен на работа.
 Не користете го електричниот апарат, доколку има
дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не може
да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и
мора да се поправи.
 Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или
извадете ја батеријата, пред да ги смените постав-
ките на уредот, да ги замените деловите или да го
тргнете настрана уредот. Овие мерки за предупреду-
вање го спречуваат невнимателниот старт на
електричниот уред.
 Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електричните
апарати кои не ги користите. Овој уред не смее да го
користат лица кои не се запознаени со него или не ги
имаат прочитано овие упатства. Електричните апарати
се опасни, доколку ги користат неискусни лица.
 Одржувајте ги грижливо електричните апарати.
Проверете дали подвижните делови функционираат
беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или
оштетени, што може да ја попречи функцијата на
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis