Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Panasonic TY-CC10W Bedienungsanleitung Seite 178

Communication camera
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Panasonic South – East Europe Ltd., 1117 Budapest, Neumann Janos u.1, Hungary, (во
понатамошниот текст PSEE) ви ја гарантира исправноста на производот и ви овозможува
сервисирање на истиот во овластените сервиси на Panasonic наведени во гаранцискиот
лист, бесплатно (работна рака и резервни делови) во период од 2 (две) години од датумот
на купување ако се исполнети следните општи услови:
1) Производот треба да биде доставен до најблискиот овластен сервис на Panasonic,
заедно со Гарантниот лист и оригиналната фискална сметка/фактура. Гарантниот
лист мора да биде целосно пополнет со сите податоци во моментот на купувањето.
Во спротивно истиот ќе се смета за неважечки.
2) Гаранцијата нема да важи во следните случаи:
(a) Оштетувања и дефекти настанати при транспорт на производот.
(b) Кога не се запазени упатствата за употреба, експлоатација и монтажа наведени
во упатството за употреба, за несовесна и несоодветна употреба на производот,
како и за употреба на производот за комерцијални, индустриски или
професионални цели.
(c) За дефекти настанати од електричен удар, неприспособен напон или природни
неприлики како гром, земјотрес, поплава, пожар и сл. како и виша сила или
останати надворешни фактори кои со своето влијание можат да наштетат на
нормалното функционирање на производот.
(d) Кога има оштетувања поради поправка и обиди за преправка од страна на
неовластени лица или сервиси како и за несоодветна монтажа или приклучување
спротивно од пропишаната техничка спецификација и безбедносна регулатива.
(e) Кога има несоодветности помеѓу податоците на производот и гарантниот лист и
обиди за нивна измена.
(f) За козметички и придружни делови на производот како кабинети, лампи, батерии
и акумулатори, далечински управувачи, адаптери, постоља, антени, заштитни
екрани, кеси, цевки, црева, филтри, каиши, четки и други делови со ограничен
сервисен рок, како и за недостатоци кои се појавуваат како резултат на влага, рѓа,
инсекти, страни предмети, нечистотија, употреба во несоодветни простории,
употреба на нагризувачки средства и сл.
3) Гаранцијата на лампите за LCD проектори е ограничена на 90 дена или 200 работни
часа од првото пуштање во работа (кој услов е прв исполнет)
4) Гарантниот рок се продолжува за времето проведено во сервисот. Гаранциските
поправки мораат да се извршат во законски пропишаниот рок од 30 дена, освен во
случаи кога се потребни дополнителни активности за кои сервисот не е овластен да
ги изврши.
Како потрошувач ги имате законските права кои произлегуваат од националното
законодавство кое ја регулира продажбата на производите и овие права не се загрозени
со гаранцијата.
KiK doo Skopje
Franklin Ruzvelt 43a
1000 Skopje
Macedonia
Phone: ++389 2 3088 000
Fax: ++389 2 3088 080
E mail: info@kik.com.mk
Македонија
44

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis