Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GTL 3 Professional Originalbetriebsanleitung Seite 173

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GTL 3 Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 7
OBJ_BUCH-828-004.book Page 173 Friday, May 16, 2014 1:02 PM
Монтажа
Ставање/менување на батерии
За работа со мерниот уред се препорачува користење
на алкално-мангански батерии.
За отворање на поклопецот на преградата за батерии 6
притиснете на блокадата 7 и отворете го поклопецот на
преградата за батерии. Ставете ги батериите. Притоа
внимавајте на правилната позиција на половите на
батериите во зависност од приказот на внатрешната
страна од преградата за батерии.
Доколку приказот за батерија 8 трепка, тоа значи дека
батериите се слаби. По првото трепкање мерниот уред
може да се користи уште околу 2 ч.
Доколку приказот за батерии 8 постојано свети, не
може повеќе да се мери. По краток период мерниот
уред автоматски се исклучува.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш.
Користете само батерии од еден производител и со ист
капацитет.
 Доколку не сте го користеле мерниот уред
повеќе време, извадете ги батериите. Доколку се
подолго време складирани, батериите може да
кородираат и да се испразнат.
Употреба
Ставање во употреба
 Заштитете го мерниот уред од влага и директно
изложување на сончеви зраци.
 Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
температури или осцилации во температурата.
Напр. не го оставајте долго време во автомобилот.
При големи осцилации во температурата, оставете
го мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред
да го ставите во употреба. При екстремни
температури или осцилации во температурата,
прецизноста на мерниот уред може да се наруши.
 Избегнувајте ги ударите и превртувањата на
мерниот уред. Доколку се оштети мерниот уред,
може да се наруши прецизноста. По тежок удар или
превртување, проверете ги ласерските линии
Bosch Power Tools
односно ласерските зраци со хоризонтална или
вертикална референтна линија одн. со контролните
точки на вертикалата.
Вклучување/исклучување
За вклучување на мерниот уред притиснете еднаш
кратко на копчето за вклучување-исклучување 3.
Веднаш по вклучувањето, мерниот уред испраќа три
ласерски линии од 0°, 45° и 90° од излезните отвори 1,
а освен тоа приказот за батерии 8 свети 3 с.
 Не го насочувајте зракот светлина на лица или
животни и не погледнувајте директно во него,
дури ни од голема оддалеченост.
По второто притискање на копчето за вклучување-
исклучување 3 мерниот уред се префрла од 3-линиски
режим на 2-линиски режим: Ќе се прикажат уште 0°- и
90°-ласерска линија.
За исклучување на мерниот уред притиснете трет пат
на копчето за вклучување-исклучување 3.
Деактивирање на автоматиката за исклучување
Мерниот уред автоматски се исклучува по 30 мин.
работа.
За да ја деактивирате автоматиката за исклучување,
при вклучување на мерниот уред, држете го
притиснато копчето за вклучување-исклучување 3 с.
3. Доколку автоматиката за исклучување е
деактивирана, по вклучувањето ласерските линии
кратко трепкаат за потврда.
 Не го оставајте вклучениот мерен уред без
надзор и исклучете го по употребата. Другите
лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.
За да го активирате автоматското исклучување,
исклучете го мерниот уред и повторно вклучете го со
кратко притискање на копчето за вклучување-
исклучување 3. По вклучувањето ласерските линии не
трепкаат.
Точност на аголот
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура.
Особено температурните разлики кои се движат од
подот нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Македонски | 173
1 609 92A 0L0 | (16.5.14)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis