Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Специфицирани Услови На Употреба - Milwaukee M12 FUEL CH-0X Originalbetriebsanleitung

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 13
Доколку употребуваното орудие се блокира, молиме веднаш да
се исклучи апаратот! Не го вклучувајте апаратот повторно додека
употребуваното орудие е блокирано; притоа би можело да дојде
до повратен удар со висок момент на реакција. Испитајте и
отстранете ја причината за блокирањето на употребеното орудие
имајќи ги во предвид напомените за безбедност.
Mожни причини би можеле да се:
• Закантување во парчето кое што се обработува
• Кршење поради продирање на материјалот кој што се
обработува
• Преоптоварување на електричното орудие
Не фаќајте во машината кога работи.
Употребеното орудие за време на примената може да стане
многу жешко.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од изгоретини
• при менување на орудието
• при ставање на апаратот на страна
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека е
машината работи.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е
зафат врз машината.
БАТЕРИИ
Нови комплети батерии постигнуваат целосен капацитет по 4-5
циклуса на полнење и празнење. Подолг период неупотребувани
комплети батерии да се наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето
на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите на
високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и
на суво место. Акумулаторот да се складира на приближно 30%-
50% од состојбата на наполнетост. Акумулаторот повторно да се
наполни на секои 6 месеци.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и
не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од
краток спој).
Користете исклучиво Систем C12 за полнење на батерии од C12
систем. Не користете батерии од друг систем.
Метални парчиња не смеат да навлезат во делот за полнење на
батерија (ризик од краток спој).
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги само
на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во контакт со
исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај на контакт
со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и задолжително
одете на лекар.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Вртливиот пневматски чекан може да биде употребен за
дупчење и дупчење во дрво, метал како и пластика при
независна употреба далеку од главното напојување.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна
на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за
транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција и
транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени лица.
Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето
тоа со цел да се избегнат кратки споеви. Внимавајте да не дојде
до изместување на батериите во нивната амбалажа. Забранет е
транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски батерии. За
понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско
претпријатие.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
Важна забелешка! Доколку карбонските четкички се истрошени,
со цел истите да бидат заменети алатот треба да биде пратен во
постпродажниот центар. Ова ќе обезбеди долг употребен век и
највисоки перформанси.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат
заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на
Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на апаратот
со наведување на машинскиот тип и шестоцифрениот број на
табличката со учинокот или во Вашата корисничка служба или
директно кај Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10,
71364 Winnenden, Германија.
Македонски
83
Mak

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis