Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GCL Professional 2-50 C Originalbetriebsanleitung Seite 249

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GCL Professional 2-50 C:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
Ако не го користите мерниот уред подолго време,
u
извадете ги батериите. При подолго складирање во
мерниот уред, батериите може да кородираат и да се
испразнат.
Приказ на состојбата на наполнетост
Приказот на состојбата на наполнетост (4) на екранот ја
покажува состојбата на наполнетост на акумулаторот одн.
батериите:
LED-светилки
Состојба на наполнетост
Трајно зелено светло 100–75 %
Трајно жолто светло
75–35 %
Трепкаво црвено
< 35 %
светло
Нема светло
– Дефектна батерија
– Празни батерии
Ако акумулаторот одн. батериите ослабуваат, светлоста
на ласерските линии полека се намалува.
Веднаш заменете го неисправниот акумулатор или
празните батерии.
Работење со ротациониот држач RM 2
(види слики A1–A3)
Со помош на ротациониот држач (23) можете да го
вртите мерниот уред околу централната и секогаш
видливата точка на вертикалата за 360°. Со тоа се
поставуваат ласерските линии, без да ја промените
позицијата на мерниот уред.
Со завртката за фино подесување (24) можете да
усогласите вертикални ласерски линии точно на
референтните точки.
Поставете го мерниот уред со водечкиот жлеб (1) на
шината водилка (20) на ротациониот држач (23) и
притиснете го мерниот уред до крај на платформата.
За да го извадите, извлечете го мерниот уред во обратен
правец од ротациониот држач.
Можности за позиционирање на ротациониот држач:
– во исправена положба на рамна површина,
– прицврстен на вертикална површина,
– поврзана со таванска стега (25) на метални тавански
лајсни,
– со помош на магнет (21) на метални површини.
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно
u
изложување на сончеви зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
u
температури или температурни осцилации. На пр.
не го оставајте долго време во автомобилот. При
големи температурни осцилации, оставете го мерниот
Bosch Power Tools
уред прво да се аклиматизира и направете проверка
за точноста секогаш пред да продолжите со работа
(види „Контрола на точноста на мерниот уред",
Страница 251).
При екстремни температури или температурни
осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се
наруши.
Избегнувајте удари и превртувања на мерниот
u
уред. По силни надворешни влијанија на мерниот
уред, пред да го употребите за работа, секогаш
извршете контрола на точноста (види „Контрола на
точноста на мерниот уред", Страница 251).
Исклучете го мерниот уред за време на
u
транспортот. При исклучувањето, се блокира
осцилирачката единица, која би се оштетила при
интензивни движења.
Вклучување/исклучување
За вклучување на мерниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) во
позиција  On (за работење со осцилаторна блокада) или
во позиција
 On (за работење со автоматика за
нивелирање). Веднаш по вклучувањето, мерниот уред
пушта ласерски линии од излезните отвори (3).
Не го насочувајте зракот светлина кон лица или
u
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
За исклучување на мерниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) во
позиција Off. При исклучување, осцилирачката единица
се блокира.
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор
u
и исклучете го по употребата. Другите лица може да
се заслепат од ласерскиот зрак.
При надминување на највисоката дозволена работна
температура од 50 °C се исклучува заради заштита на
ласерската диода. Откако ќе се олади, мерниот уред е
повторно подготвен за работа и може одново да се
вклучи.
Автоматика на исклучување
Доколку околу 120 min не се притисне ниедно копче на
мерниот уред, тој се исклучува автоматски заради
заштита на акумулаторските батерии одн. батериите.
За да го вклучите мерниот уред веднаш по автоматското
исклучување, можете или најпрво да го притиснете
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) во
позиција „Off" и потоа повторно да го вклучите мерниот
уред, или да притиснете на копчето за режим на работа
на ласерот (8).
Деактивирање на автоматиката за исклучување
За да ја деактивирате автоматиката за исклучување,
држете го притиснато копчето за режим на работа (8)
(при вклучен мерен уред) најмалку 3 s. Доколку
автоматиката за исклучување е деактивирана,
ласерските зраци кратко трепкаат за потврда.
Македонски | 249
1 609 92A 4HG | (12.11.2020)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis