Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch GWS 18V-180 PC Professional Originalbetriebsanleitung Seite 272

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GWS 18V-180 PC Professional:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
272 | Македонски
Дисковите мора да се користат само за соодветни
u
намени. На пример: не користете диск за сечење за
странично брусење. Абразивните дискови за сечење
се наменети за периферно брусење, страничните сили
што се применуваат на овие дискови може да
предизвикаат нивно распарчување.
Секогаш користете неоштетени прирабници за
u
дискови со правилна величина и форма за вашиот
избран диск. Соодветните прирабници за дискови го
потпираат дискот со што се намалува можноста од
кршење на дискот. Прирабниците за дискови за
сечење може да се разликуваат од прирабниците за
дискови за брусење.
Не употребувајте користени дискови од поголеми
u
електрични алати. Диск наменет за поголеми
електрични алати не е соодветен за големи брзини на
мали алати и може да се распрсне.
Кога користите дискови со двојна намена, секогаш
u
користете ја соодветната заштита за работата што
ја вршите. Ако не го користите соодветниот штитник,
истиот може да не заштитува правилно и со тоа може
сериозно да се повредите.
Дополнителни безбедносни предупредувања
специфични за сечење:
Не го "притискајте" дискот за сечење и не
u
применувајте прекумерен притисок. Не
настојувајте да направите прекумерно длабок
засек. Преоптоварувањето на дискот го зголемува
оптоварувањето и осетливоста на виткање и
навалување на дискот во засекот и можноста за
одбивање или кршење на дискот.
Не застанувајте во линија и зад ротирачкиот диск.
u
Кога дискот, во текот на операцијата, се движи
подалеку од вашето тело, одбивањето може да го
придвижи ротирачкиот диск и моќниот алат директно
кон вас.
Кога дискот се навалува или кога го прекинува
u
сечењето заради некоја причина, исклучете го
алатот и држете го неподвижен додека дискот
целосно не запре. Никогаш не настојувајте да го
извадите дискот за сечење од засекот додека се
движи или може да дојде до одбивање. Проверете и
преземете соодветно дејство за да ја елиминирате
причината за навалување на дискот.
Не започнувајте повторно со сечење во делот што
u
го обработувате. Почекајте додека дискот да
достигне целосна брзина и внимателно влезете
повторно во засекот. Дискот може да се навали,
придвижи или одбие ако го рестартирате моќниот алат
во делот што го обработувате.
Потпрете ги плочите или преголемиот дел што го
u
обработувате за да го намалите ризикот од
приклештување и одбивање на дискот. Големите
делови што ги обработувате се искривуваат под
својата тежина. Потпирачите мора да се стават под
делот што го обработувате покрај линијата на засекот и
1 609 92A 7AT | (15.06.2022)
покрај ивицата на делот што го обработувате на двете
страни на дискот.
Користете дополнителни мерки за претпазливост
u
кога правите "џебен засек" во постоечки ѕидови
или други слепи површини. Климав диск може да
пресече цевки за гас или вода, електрични жици или
предмети кои може да предизвикаат одбивање.
Не обидувајте се да длабите. Преголемиот притисок
u
на дискот го зголемува оптоварувањето и осетливоста
на виткање и искривување на дискот во засекот и
можноста за одбивање или кршење на дискот, што
може да доведе до сериозна повреда.
Безбедносни предупредувања специфични за
шмирглање:
Користете соодветна голема на шмиргла за дискот.
u
Следете ги упатствата на производителите, кога
бирате шмиргла. Големите шмиргли кои ја
надминуваат подлогата за шмирглање претставуваат
опасност и може да предизвикаат закачување, кинење
на дискот или одбивање.
Безбедносни предупредувања специфични за жичано
четкање:
Внимавајте бидејќи четката исфрла жичани влакна
u
дури и за време на вообичаени операции. Не ги
преоптоварувајте жиците со преоптоварување на
четката Жичаните влакна може лесно да навлезат во
облека и/или кожа.
Ако се препорачува користење на заштита за
u
жичано четкање, не дозволувајте попречување
меѓу жичаниот диск или четката со заштита.
Жичаниот диск или четка може да се прошират во
дијаметар заради работното оптоварување и
центрифугалните сили.
Дополнителни безбедносни напомени
Носете заштитни очила.
Заштитниот капак не смее да се користи
за исклучување. Со соодветен додаток,
заштитниот капак може да се користи и за
исклучување.
При работата, држете го електричниот
алат цврсто со двете дланки и застанете
во сигурна положба. Со електричниот алат
посигурно ќе управувате ако го држите со
двете дланки.
Кај алати за вметнување со внатрешни навои, како
u
што се четки, мора да се почитува максималната
должина на навојот на вретеното за брусење. Крајот
на вретеното не смее да го допира дното на алатот за
вметнување.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
u
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
Bosch Power Tools

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

0 601 9h6 e013 601 jh6 e