Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch 06016B1020 Originalbetriebsanleitung Seite 119

Inhaltsverzeichnis

Werbung

на пр. клинци, завртки и употребете го соодветното
сечило за пила.
Вклучете го електричниот алат и водете го по делот што
треба да се обработи. Поставете ја основната плоча (2)
на површината од делот што се обработува и сечете со
еднаков притисок одн. иста брзина по материјалот. По
завршување на работниот процес, исклучете го
електричниот алат.
Доколку се заглави сечилото за пила, веднаш исклучете
го електричниот алат. Раширете го процепот што сте го
направиле при сечењето со соодветен алат и извлечете
го електричниот алат.
Подеслива основна плоча (види слика C)
Основната плоча (2) поради својата подвижност се
подесува на потребниот агол на површината.
Сечење со вдлабнување (види слики E–F)
Смеат да се обработуваат само меки материјали
u
како дрво, гипс картон и сл. при сечење со
вдлабнување! Не обработувајте метални
материјали со сечење со вдлабнување!
За пилата за вдлабнување користете само кратки сечила
за пила.
Поставете го електричниот алат со предниот раб на
основната плоча (2) на делот што се обработува, без
сечилото за пила (1) да го допира делот што се
обработува и вклучете го. Кај електричните алати со
контрола на бројот на удари, поставете го максималниот
број на работни одови. Притиснете го електричниот алат
на делот што се обработува и оставете го сечилото за
пила полека да се вдлабне во делот што се обработува.
Штом основната плоча (2) целосно ќе налегне на
површината на делот што се обработува, продолжете да
сечете по должина на саканата линија.
За одредени работи, сечилото за пила (1) може да се
постави со вртење за 180°, а сабјестата електричниот
алат да се води соодветно свртен.
Кратки резови (види слика D)
Со еластичните биметални сечила за пила, може да
сечете на пр. градежни елементи што стрчат непосредно
на ѕидот, како што се водоводни цевки.
Внимавајте, сечилото за пила треба секогаш да
u
биде подолго од дијаметарот на делот што се
обработува. Постои опасност од повратен удар.
Поставете го сечилото за пила директно на ѕид и
свиткајте го малку со страничен притисок на
електричниот алат, додека основната плоча не легне на
ѕидот. Вклучете го електричниот алат и сечете го делот
што се обработува со константен страничен притисок.
Средство за ладење/подмачкување
При сечење на метал поради загревање на материјалот
треба да нанесете средство за ладење одн.
подмачкување по должина на линијата за сечење.
Bosch Power Tools
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Прифатот за сечило за пила, воглавно може да го
исчистите со мека четка. Притоа, извадете го сечилото за
пила од електричниот алат. Одржувајте ја
функционалноста на прифатот за листовите за пила со
употреба на соодветни средства за подмачкување.
Големи нечистотии можат да доведат до пречки во
функционирањето. Затоа не сечете од долу или над глава
материјали што прават многу прашина.
Замена на карбонските четки (види слика G)
Проверувајте ја должината на карбонските четки на
секои 2–3 месеци и доколку е потребно заменете ги.
Никогаш не менувајте само една карбонска четка!
Напомена: Користете само карбонски четки од Bosch,
кои се наменети за производот.
– Олабавете ги капачињата (4) со соодветен одвртувач.
– Заменете ги карбонските четки (10) што се под
притисок на пружината и повторно навртете ги
капачињата.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Македонски | 119
1 609 92A 52K | (05.02.2021)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Gsa 120 professional

Inhaltsverzeichnis