Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch 06016B1020 Originalbetriebsanleitung Seite 118

Inhaltsverzeichnis

Werbung

118 | Македонски
Вметнување/замена на сечилото за пилата
При ставање или при замена на електричниот алат
u
носете заштитни ракавици. Алатите за вметнување
се остри и може да се загреат при подолга употреба.
При менувањето на сечилата за пила внимавајте на
u
тоа, на прифатот за сечило за пила да нема
остатоци од материјал, на пр. дрвени или метални
струготини.
Исто така, осигурајте се дека не е скршено
u
вратилото на прифатот за сечило за пила.
Бирање на сечилото за пила
Прегледот за препорачани сечила за пила ќе го најдете на
крајот од ова упатство. Ставајте само сечила за пила со
1/2"-универзален држач. Сечилото за пила не треба да
биде подолго отколку што е потребно за предвидениот
рез.
Дебелината на држачот на сечилото за пила мора да
изнесува 0,8–1,8 mm.
Вметнување на сечилото за пила (види слика A)
Притиснете го SDS-лостот (9) нанапред и водете го
сечилото за пилата (1) зад стезната плоча  во прифатот за
сечило за пила (3). Отпуштете го SDS-лостот (9).
Со влечење проверете дали е зацврстено сечилото
u
за пилата. Лабаво поставеното сечило за пила може
да испадне и да Ве повреди.
За одредени работи, сечилото за пила (1) може да се
сврти за 180° (запците покажуваат нагоре) и повторно да
се стави.
Вадење на сечилото за пила (види слика B)
Пред да го извадите сечилото за пила, оставете го
u
да се олади. Доколку го допрете жешкото сечило на
пила, постои опасност од повреда.
Притиснете го SDS-лостот (9) нанапред и извлечете го
сечилото на пила (1). Отпуштете го SDS-лостот (9).
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
1 609 92A 52K | (05.02.2021)
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување/исклучување
За вклучување на електричниот алат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување (6).
За Фиксирање на прекинувачот за вклучување/
исклучување, (6) држете го истиот притиснат и
дополнително притиснете на копчето за фиксирање (5).
За исклучување на електричниот алат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (6). Доколку
прекинувачот за вклучување/исклучување (6) е
блокиран, најпрво притиснете го и потоа отпуштете го.
Контрола на бројот на работни одови
Бројот на работни одови на вклучениот електричен алат
може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (6).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (6) се постигнуваат мал број на работни
одови. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на работни одови.
Потребниот број на работни одови зависи од материјалот
и работните услови и може да се одреди со практична
примена.
Се препорачува намалување на бројот на работни одови
при поставување на сечилото за пила на алатот, како и
при сечење на пластика и алуминиум.
При подолготрајно работење со мал број на работни
одови, електричниот алат може многу да се вжешти.
Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот
алат да работи околу 3 мин. со максимален број на
работни одови.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Доколку се блокира сечилото за пила, исклучете го
u
електричниот алат.
Совети
При сечење на лесни градежни материјали,
u
внимавајте на законските одредби и препораки на
производителот на материјалот.
Пред сечењето во дрво, шперплочи, градежни
материјали итн. проверете дали на нив има туѓи тела како
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Gsa 120 professional

Inhaltsverzeichnis