Секогаш извршувајте ја калибрацијата внимателно и целосно за да избегнете
погрешни резултати од мерењето.
– Прицврстете го мерниот уред на вертикална површина.
– Притискајте на копчето за вклучување/исклучување на вклучениот (1) или
исклучениот мерен уред за најмалку 3 s додека ласерскиот зрак не трепка и
светлечкиот прстен (2) не се изгаси.
– Вртете го куќиштето на мерниот уред полека и рамномерно еднаш за повеќе од
360°. Вртењето треба да трае најмалку 15 s.
– Калибрирањето е успешно завршено веднаш штом светлечкиот прстен (2) ќе
засвети зелено.
– Доколку по калибрирањето, светлечкиот прстен (2) свети црвено,
калибрирањето не било успешно. Започнете го одново калибрирањето.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење
или раствори.
Чистење на гелна подлошка
Исчистете ја гелната подлошка (15), доколку е извалкана со прав или други
честички или нејзината лепливост е намалена.
Измијте ја исклучиво демонтираната гелна лента.
u
Исплакнете ја гелната подлошка (15) со вода. Доколку е потребно, измијте ја со
неутрален сапун за домаќинство или сјај. Не користете средства за чистење кои
содржат алкохол или растворувачи.
Оставете ги гелната подлошка, држачот и заштитното капаче целосно да се исушат.
Гелната подлошка не смее да се затоплува (на пр. со топол воздух или греење).
Доколку по чистењето, лепливоста не е доволна заменете ја гелната подлошка (15).
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и
одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија
и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com
Bosch Power Tools
Македонски | 223
1 609 92A 8LY | (21.03.2023)