Подесување на правецот на вртење (види слика E)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (8)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (9) е притиснат ова не е
возможно.
Прекинувачот за менување на правецот на
u
вртење (8) активирајте го само кога електричниот
алат е во празен од.
Правецот на вртење при ударно дупчење, дупчење и
длетување секогаш поставувајте го на десен тек.
– Десен тек: За дупчење и завртување на завртки
притиснете го прекинувачот за менување на правец на
вртење (8) налево до крај.
– Лев тек: За олабавување одн. одвртување на завртки
и навртки притиснете го прекинувачот за менување на
правецот на вртење (8) кон десно до крај.
Вклучување/исклучување
– За вклучување на електричниот алат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување (9).
Работното светло (12) при малку или целосно притиснат
прекинувач за вклучување/исклучување (9) овозможува
осветлување на работното поле при услови на слаба
осветленост.
– За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (9).
На ниски температури електричниот апарат дури по
одреден период го постигнува целосниот капацитет на
удари.
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен
алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од
тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување (9).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (9) се постигнува мал број на вртежи/
удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на вртежи/удари.
Промена на позицијата за длетување (Vario-Lock)
Длетото може да го фиксирате во 42 позиции. Притоа,
може да ја користите оптималната работна позиција.
– Ставете го длетото во прифатот за алат.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/
вртежи (6) во позиција „Vario-Lock".
– Свртете го алатот за вметнување во саканата позиција
за длетување.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/
вртежи (6) во позиција „Длетување". Со тоа, прифатот
за алат ќе се фиксира.
– Поставете го правецот на вртење за длетување на
десен тек.
Bosch Power Tools
Совети при работењето
Подесување на длабочината на дупчење (види слика
F)
Со граничникот за длабочина (16) може да се утврди
длабочината на дупчење X.
– Притиснете го копчето за подесување на граничникот
за длабочина (5) и поставете го граничникот за
длабочина во дополнителната рачка (15).
Избраздениот дел на граничникот за длабочина (16)
мора да покажува надолу.
– Вметнете го SDS-plus-алатот за вметнување до крај во
прифатот за алат SDS-plus (2). Инаку, доколку SDS-
plus-алатот е лабаво наместен, може да доведе до
погрешно подесување на длабочината на дупчење.
– Извлечете го граничникот за длабочина до степен што
растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на
граничникот за длабочина ќе одговара на саканата
длабочина на дупчење X.
Спојка за заштита од преоптоварување
Доколку алатот што се вметнува се стегне или
u
заглави, ќе се прекине погонот на вратилото за
дупчење. Електричниот алат секогаш држете го
цврсто со двете дланки поради јачината со која
работи и застанете во сигурна положба.
Исклучете го електричниот алат и олабавете го
u
блокираниот алат за дупчење ако се блокира
електричниот алат. Високи реакциски вртежни
моменти се појавуваат при вклучување со
блокиран алат за дупчење.
Амортизација на вибрациите
Вградената амортизација за вибрации ги
намалува вибрациите кои настануваат во
текот на работењето.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
u
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
– Исчистете го прифатот за алат (2) по секоја употреба.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
Македонски | 167
1 609 92A 852 | (22.07.2022)