342 | Македонски
Пред употреба како столна тркалезна пила:
– Вметнете го долниот поклопец на сечилото за
пила (66) во масата за пила (22).
Долниот поклопец на сечилото за пила (66) за време на
работењето на столната тркалезна пила мора да го
покрива долниот дел на сечилото на пилата.
Замена на сечилото за пила (види слики f1–
f4)
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
При ставањето на сечилото за пила носете заштитни
u
ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила
постои опасност од повреда.
Употребувајте само сечила за пила, чија максимално
дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи
на вашиот електричен алат.
Користете само сечила за пила, што се препорачани од
производителот на овој електричен алат и се погодни за
материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе
спречи прекумерно загревање на запците на пилата за
време на сечењето.
Никогаш не користете сечила за пила со вкрстен жлеб
(т.н. „Dado Sets").
Користете само листови на пила, кои одговараат на
u
наведените податоци во ова упатство за користење
и на електричниот алат или се проверени според
EN 847-1 и се соодветно означени.
При менување на сечилото за пила внимавајте ширината
на резот да не е помала и дебелината на основното
сечило да не е поголема од дебелината на клинот за
разделување.
Вадење на сечилото за пила
– Подесете го електричниот алат во работна позиција
Пила за скратување и сечење под агол.
– Одвртете ја завртката за блокада (10) со испорачаниот
плоснат одвртувач (5).
– Повлечете го држачот (11) кон десно. Сега турнете го
држачот нагоре и во исто време навалете го
осцилаторниот заштитен капак (20) до крај наназад.
На овој начин осцилаторниот заштитен капак се
заклучува во отворена позиција горе.
– Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна
глава (12) со испорачаниот клуч со внатрешна
шестаголна глава (5) и истовремено притиснете ја
блокадата за вретеното (13), додека не се вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното (13) и
одвртете ја завртката (12) во правец на стрелките на
часовникот (лев навој!).
– Извадете ја стезната прирабница (14).
– Извадете го сечилото за пила (7).
Монтирање на сечилото за пила
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
1 609 92A 7SS | (06.03.2023)
– Ставете го новото сечило за пила на внатрешната
стезна прирабница (15).
При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
u
запците (правецот на стрелката на сечилото за
пила) да се совпаѓа со правецот на стрелката на
куќиштето!
– Поставете ги стезната прирабница (14) и
завртката (12). Притиснете ја блокадата на
вретеното (13), додека не се вклопи и затегнете ја
завртката во правец спротивен на стрелките на
часовникот.
– Турнете го држачот (11) надолу и истовремено
навалете го осцилаторниот заштитен капак (20)
повторно надолу додека не се вклопи држачот.
– Повторно завртете ја завртката за блокада (10) и
затегнете ја.
Транспорт (види слика g)
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
– Подесете го електричниот алат во работна позиција
Столна тркалезна пила.
– Позиционирајте го паралелниот граничник (61)
целосно над заштитниот капак (63).
За фиксирање на паралелниот граничник притиснете
на затезната дршка (64) надолу.
– Ставете ја подвижна водечка летва на клиновите (67).
– Вметнете го долниот поклопец на сечилото за
пила (66) во масата за пила (22).
– Отстранете ги деловите на опремата, кои не може
цврсто да се монтираат на електричниот алат.
Ставете ги неискористените сечила за пила во
затворена кутија, доколку сакате да ги
транспортирате.
– При подигање или транспорт, држете за жлебовите за
држење (4) странично на масата за сечење (22).
За транспортирање на електричниот алат,
u
користете ги секогаш уредите за транспорт, а не
заштитните уреди.
Употреба како пила за
скратување и сечење под агол
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Работна позиција (види слика
Ако електричниот алат е сè уште во состојба на испорака
или ако електричниот алат се користел како столна
тркалезна пила, мора да ги извршите следните чекори
A)
Bosch Power Tools