Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Замрзнување Свежа Храна; Двоен Систем За Ладење; Корпата За Млечни Производи - Beko RCNA406I40XBN Gebrauchsanweisung

Kühlschrank - gefrierschrank
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Замрзнување свежа храна
Завиткајте или покријте ја храната
пред да ја ставите во ладилникот.
Врела храна мора прво да се излади
на собна температура пред да се
стави во ладилникот.
Храната што сакате да ја замрзнете
мора да биде свежа и со добар
квалитет.
Храната мора да се подели во
порции во согласност со дневните
потреби на семејството или со
потребите за консумирање месо.
Храната мора да биде спакувана со
истиснат воздух за да се спречи
исушување дури и кога ќе се чува
краток период.
Материјалите што ќе се употребат за
пакување на храната мора да се
отпорни на ладно и влага и со
истиснат воздух. Материјалот за
пакување на храната мора да има
задоволителна дебелина и
издржливост. Во спротивно, стврдната
храна заради замрзнувањето може да
го дупне пакувањето. Важно е
пакувањето да биде убаво затворено
за безбедно чување на храната.
Замрзната храна мора да се
употреби веднаш по растопување и не
смее повторно да се замрзнува.
Ставање топла храна во одделот за
замрзнување предизвикува системот
за ладење да работи постојано додека
не се замрзне храната целосно.
Следете ги следните упатства за да
ги постигнете најдобрите резултати.
1. Не замрзнувајте премногу големи
количини храна одеднаш. Квалитетот
на храната најдобро се зачувува кога
се замрзнува целосно колку што е
можно поскоро.
2. Особено внимавајте да не мешате
веќе смрзната храна и свежа храна.
3. Уверете се дека свежата храната не
се допира до зготвената храна во
ладилникот.
4. Максималната количина на
складирана замрзната храна се
постигнува без да се користат
фиоките во одделот на замрзнувачот.
Потрошувачката на струјата е
прикажана со максимално наполнет
замрзнувач на полиците без фиоките.
5. Препорачуваме да ја ставате
храната на горната полица во
замрзнувачот за првично
замрзнување.
Двоен систем за ладење:
Ладилникот е опремен со два
засебни системи за ладење за да се
разладуваат одделот за свежа храна и
одделот на замрзнувачот. Така,
воздухот во одделот за свежа храна и
во одделот за замрзнување нема да
се мешаат.
Благодарение на овие два засебни
системи за ладење, брзината на
разладување е многу поголема
отколку кај другите ладилници.
Миризбите во одделите не се мешаат.
Обезбедено е и дополнително
штедење на енергијата бидејќи
одмрзнувањето се изведува засебно.
Корпата за млечни производи
Корпата за млечни производи (за
чување на ладно) обезбедува пониска
температура во самата преграда на
фрижидерот. Користете ја оваа корпа
за да чувате деликатеси (салами,
кобасици, млечни производи итн.) за
кои е потребна пониска температура
или за ставање производи од месо,
пилешко или риба кратко пред да се
сервираат. Во оваа корпа немојте да
чувате овошје и зеленчук.
МК
13

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis