Употреба со соодветна намена
Мерниот уред е наменет за бесконтактно мерење на површинска температура,
амбиентална температура и релативна влажност на воздухот. Тој ја пресметува
температурата на точката на росење и укажува на топлинските мостови и опасноста
од појава на мувла. Со мерниот уред не може да се детектираат спори на мувла.
Мерниот уред не смее да се користи за мерење на температурата на луѓето или
животните или за други медицински цели.
Мерниот уред не е погоден за мерење на температури на гасови. или течности.
Мерниот уред не е наменет за комерцијална употреба.
Мерниот уред е погоден за користење во внатрешен простор.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на мерниот уред
на графичката страница.
(1) Копче за мерење
(2) Излезен отвор за ласерскиот зрак
(3) Приемна леќа за инфрацрвено зрачење
(4) Сензор за влажност на воздухот и температура
(5) Налепница степен на емисија
(6) Натпис за предупредување на ласерот
(7) Сериски број
(8) Прицврстувач, врвки за држење
(9) Капак на преградата за батерии
(10) Фиксирање на капакот од преградата за батерии
(11) Копче за назад/копче за бришење
(12) Копчето за вклучување/исклучување/копче за режим
(13) Копче за степен на емисија
(14) Екран
(15) Сигнални светла
(16) Заштитна чанта
Елементи за приказ
(a) Приказ за режим на предупредување за мувла
(b) Приказ за режим на топлински мостови
Bosch Power Tools
Македонски | 369
1 609 92A 7M8 | (03.05.2022)