OBJ_BUCH-2230-001.book Page 157 Wednesday, October 22, 2014 9:25 AM
Предупредување: Држете се
на безбедно растојание од
косачката додека таа работи.
Почекајте потполно да
застанат сите подвижни
делови на уредот пред да ги
допрете.
Носете заштитни очила.
Носете заштита за слухот.
Не користете ја косачката кога
врне и не излагајте ја на дожд.
Ракување
Во тек на работата, не допирајте
го отворот број. После гаснењето
уредот продолжува да работи
уште неколку секунди.
Никогаш не дозволувајте им на
деца и луѓе кои не се запознаени со
овие инструкции да ја користат
косачката. Локалните прописи
можат да ја ограничат возраста на
ракувачот. Чувајте ја косачката вон
дофат на деца кога не ја
употребувате.
Оваа косачка не е наменета на
личности (и деца) со ограничени
физички, сензорни или душевни
можности, со недостаток на
искуство и знаење, освен ако не им
се обезбедени соодветни
инструкции или надзор за употреба
на косачката од страна на личност
одговорна за нивната безбедност.
Внимавајте децата да не си играат
со косачката.
Bosch Power Tools
Пред вклучувањето, уредот мора
да биде склопен правилно според
упатството.
За подобра безбедност користете
резидуален уред (РЦД) кој се
активира на отстапување од 30 mA.
Резидуалниот уред треба да се
проверува пред секоја употреба.
Употребувајте само продолжни
кабли кои се предвидени за
надворешна употреба и заштитени
од вода.
Не допирајте го кабелот или
утикачот со мокри раце.
Не газете ги, не превиткувајте ги и
не тегнете ги напојниот или
продолжниот кабел, бидејќи на тој
начин можат да се оштетат.
Заштитете го кабелот од топлина,
масло и оштри рабови.
Додека ја користите машината, во
круг од најмалку 3 метри не треба
да има луѓе и животни. Ракувачот
на машината е одговорен за
безбедноста на трети лица во
нејзината близина.
Бош може да гарантира за работата
на уредот само доколку се
употребуваат оригинални резервни
делови и дополнителна опрема.
Запознајте се со упатството пред да
почнете да го употребувате уредот.
Не носете лабава облека,
вратоврски или други додатоци што
висат.
Уредот употребувајте го на
слободен простор (на пример, не
премногу блиску до ѕид или други
фиксни објекти) и на цврста, рамна
површина.
Македонски | 157
F 016 L81 148 | (22.10.14)