302 | Македонски
Ознаки и нивно значење
помала од 2,4 mm и дебелината на
основното сечило да не е поголема од
1,8 mm. Инаку постои опасност, клинот
за разделување да се заглави во делот
што се обработува.
Дебелината на клинот за разделување
изнесува 2 mm.
80
Максималната можна висина на делот
што се обработува изнесува 80 mm.
Лева страна:
Го покажува правецот на вртење на
курблата за спуштање (транспортна
позиција) и подигање (работна
позиција) на сечилото за пилата.
Десна страна:
Ја прикажува позицијата на лостот за
блокада при фиксирање на сечилото за
пила и при поставување на
вертикалниот агол на закосување
(подесливо сечило за пила).
По потреба намастете го електричниот
алат на означените места.
Електричните алати од заштитната
класа II се зајакнати и двојно
изолирани.
Со CE-ознаката производителот
потврдува дека електричниот алат е во
согласност со важечките ЕU-
директиви.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Наменета употреба
Електричниот алат е наменет за правење на должински и
напречни резови со прав рез во цврсто и меко дрво, како
и иверки и лесонит, како фиксен уред. Притоа можни се
хоризонтални агли на закосување од −30° до +30° како и
вертикални агли на закосување од 0° до 45°.
Со користење на соодветни сечила за пила, можно е и
сечење на алуминиумски профили и пластика.
1 609 92A 72F | (13.10.2021)
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1)
Скала за растојанието од сечилото за пила до
паралелниот граничник
(2)
Скала за растојанието од сечилото за пила до
паралелниот граничник при извлечена маса за
сечење
(3)
Аголен граничник
(4)
Маса за сечење
(5)
Водечки жлеб за аголниот граничник
(6)
Заштитен поклопец
(7)
Неповратна блокада
(8)
Додаток за маса
(9)
Паралелен граничник
(10)
Проширување за маса за сечење
(11)
Жлебови за држење
(12)
Депо за паралелен граничник
(13)
Заштита од превртување
(14)
Подножје
(15)
Подвижна водечка летва
(16)
Лост за блокада за подесување на вертикален
агол на закосување
(17)
Курбла за подигање и спуштање на сечилото за
пила
(18)
Рачно тркало
(19)
Сигурносен поклопец на прекинувачот за
вклучување-исклучување
(20)
Затезна рачка за проширување за маса за
сечење
(21)
Депо на подвижна водечка летва
(22)
Граничник за 45°-агол на закосување
(вертикално)
(23)
Скала за аголот на закосување (вертикално)
(24)
Граничник за 0°-агол на закосување
(вертикално)
(25)
Копче за вклучување
(26)
Копче за одново стартување
(27)
Клин за расцепување
(28)
Сечило за пила
(29)
Депо за аголниот граничник
(30)
Држач за кабелот
(31)
Отвори за монтажа на подножјето
Отвори за монтажа
(32)
(33)
Депо за алат/неповратна блокада
(34)
Адаптер за всисување
(35)
Прстенест клуч (10 mm; 13 mm)
(36)
Кукаст клуч/вилушкаст клуч (10 mm)
(37)
Сет за прицврстување „Подножје"
Bosch Power Tools