силно отстапување во близина на силно
рефлектирачки објекти може да влијаат врз
мерењето, треба да ја прилагодите оваа вредност.
– <Приказ>
▪ <Средна точка> (k)
Точката се прикажува централно на термалната
слика и Ви ја прикажува измерената температурна
вредност на ова место.
▪ <Топла точка> (j): <ON>/<OFF>
Најжешката точка (= мерен пиксел) се означува со
црвен означувач на термалната слика. Ова го
олеснува пребарувањето на критични места (на пр.
лабави контактни терминали во разводната кутија).
▪ <Ладна точка> (l): <ON>/<OFF>
Најладната точка (= мерен пиксел) се означува со
син означувач на термалната слика. Ова го
олеснува пребарувањето на критични места (на пр.
места на прозорец кои не дихтуваат).
▪ <Скала на бои> (g): <ON>/<OFF>
– <WiFi> (d): <ON>/<OFF>
(види „Пренос на податоци", Страница 226)
– <Уред>
▪ <Јазик>
Во оваа точка од менито може да го изберете
јазикот што ќе се користи на приказот.
▪ <Време и дат.> (a)
За промена на времето и датумот на мерниот уред,
повикајте го подменито <Време и дат.>. Во ова
подмени, покрај поставката за време и датум може
да ги промените и нивните соодветни формати. За
да излезете од подменито <Време> и <Датум>,
притиснете или на десното функциско копче (7) за
да ги зачувате поставките, или на левото (13) за да
ги отфрлите промените.
▪ <Сиг.на тонот>: <ON>/<OFF>
Под оваа точка од менито можете да ги вклучите/
исклучите сигналните тонови.
▪ <Време на исклуч.>
Во оваа точка од менито може да изберете
временски интервал по кој мерниот уред
автоматски ќе се исклучи ако не се притисне ниту
едно копче. Исто така може да го деактивирате
автоматското исклучување доколку ја изберете
поставката <Никог.>.
▪ <Бришење>
Под оваа точка од менито може да ги избришете
сите датотеки што се во внатрешната меморија
одеднаш. Притиснете на копчето со стрелка
десно (8) за <Повеќе>, за да дојдете до подменито.
Потоа притиснете или на левото функциско
копче (13), за да ги избришете сите датотеки или на
десното функциско копче (7), за да го прекинете
процесот
▪ <Информ.за уредот>
Во оваа точка од менито можете да повикате
информации за мерниот уред. Таму ќе го најдете
серискиот број на мерниот уред и инсталираната
софтвер верзија.
Bosch Power Tools
За да излезете од менито и да се вратите до стандардниот
екран за приказ, може да го притиснете и копчето
Мерење (17).
Документирање на мерни резултати
Зачувување на мерни резултати
Веднаш по вклучувањето мерниот уред веднаш
започнува со мерењето и континуирано продолжува сѐ
до исклучување.
За да зачувате слика, насочете ја камерата на саканиот
мерен објект и притиснете на копчето Зачувај (11).
Сликата се зачувува во внатрешната меморија на
мерниот уред. Алтернативно, притиснете на копчето
Мерење (17) (пауза). Мерењето се замрзнува и се
прикажува на екранот. Ова Ви овозможува внимателно
разгледување на сликата и дополнително прилагодување
(на пр. палета на бои). Ако не сакате да ја зачувате
замрзнатата слика, ресетирајте го мерниот режим со
копчето Мерење (17). Ако сакате да ја зачувате сликата
во внатрешната меморија на мерниот уред, притиснете
на копчето Зачувај (11).
Повикување на зачувани слики
За повикување на зачувани термални слики постапете на
следниот начин:
– Притиснете го левото функциско копче (13). Сега на
екранот се појавува последната зачувана
фотографија.
– За да менувате меѓу зачуваните термални слики,
притиснете на копчињата со стрелка десно (8) или
лево (12).
Со притискање на копчето со стрелка нагоре (5)
сликаната термална слика се прикажува како целосна
слика.
Бришење на зачувани слики
За бришење на одделни термални слики менувајте во
приказот на галерија:
– Притиснете на десното функциско копче (7) под
ознаката за корпа за отпадоци.
– Потврдете го процесот со левото функциско
копче (13) или прекинете го процесот на бришење со
притискање на десното функциско копче (7).
<Бришење>
Во менито <Бришење> може одеднаш да ги избришете
сите податоци, коишто се наоѓаат во внатрешната
меморија. Притиснете го копчето Func (6) за повикување
на мерните функции. Сега притиснете го десното
функциско копче (7) и изберете <Уред> → <Бришење>.
Притиснете на копчето со стрелка десно (8), за да дојдете
до подменито. Потоа притиснете или на левото
функциско копче (13), за да ги избришете сите датотеки
или на десното функциско копче (7), за да го прекинете
процесот.
Македонски | 225
1 609 92A 7L1 | (20.05.2022)