Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GOF 1250 CE Professional Originalbetriebsanleitung Seite 164

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GOF 1250 CE Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 7
OBJ_BUCH-2018-003.book Page 164 Tuesday, January 21, 2014 1:55 PM
164 | Македонски
Henk Becker
Helmut Heinzelmann
Executive Vice President
Head of Product Certification
Engineering
PT/ETM9
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
D-70745 Leinfelden-Echterdingen
10.07.2013
Монтажа
Монтажа на алатот на глодалката
(види слика A)
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 При ставање и менување на алатот на глодалката се
препорачува носење на заштитни ракавици.
Според целта на примената, глодалките се расположливи
во најразлична изведба и квалитет.
Глодалките од висококвалитетен челик за брзо сечење
(HSS) се погодни за обработка на меки материјали како на
пр. меко дрво и пластика.
Глодалки за сечење на цврст метал (HM) се специјално
наменети за цврсти и абразивни материјали како на пр.
цврсто дрво и алуминиум.
Оригиналните глодалки од обемната програма на опрема
од Bosch ќе ги најдете во специјализираните продавници.
Употребувајте само беспрекорни глодалки.
– Навалете го лостот за блокада на вретеното 6 во правец
спротивен на стрелките на часовникот до крај ( ). Ев.
свртете го рачно вретеното на моторот, додека не
слушнете дека е вклопено.
– Олабавете ја претурната навртка 4 со вилушкаст клуч
30 (ширина на клучот 19 мм) со вртење во правец на
стрелките на часовникот( ).
– Ставете го алатот за глодање во затезната чаура.
Вратилото на алатот за глодање мора да се вметне
најмалку до ознаката во затезната чаура.
– Затегнете ја претурната навртка 4 со вилушкаст клуч 30
(ширина на клучот 19 мм) со вртење во правец
спротивен на стрелките на часовникот. Целосно
затворете го лостот за блокада на вретеното 6.
 Не поставувајте алат за глодање со дијаметар
поголем од 50 мм. Овие алати за глодање не
поминуваат низ основната плоча.
 Во никој случај не ја затегајте затезната чаура со
преклопна навртка, доколку не е монтиран алат за
глодање. Инаку, затезната чаура може да се оштети.
Вшмукување на прав/струготини (види
слика B)
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
1 609 92A 0LW | (21.1.14)
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Приклучување на вшмукувачот за прав (види слика B)
Приклучете го цревото за вшмукување (Ø 35 мм) 31
(опрема) на приклучокот 29 во основната плоча 13.
Поврзете го цревото за вшмукување 31 со вшмукувач за
прав (опрема).
Електричниот апарат може да се приклучи директно на
конекторот на Bosch-универзален вшмукувач со уред за
далечинско вклучување. Тој веднаш ќе стартува при
вклучување на електричниот апарат.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Употреба
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 волти исто така може да се користат и на
220 волти.
GOF 1250 LCE: Откако ќе се приклучи на мрежното
напојување, светлечкиот прстен 3 непрекинато свети
заради осветлување на површината на делот што се
обработува.
Бирање на бројот на вртежи
Со копчето за подесување на бројот на вртежи 27 може да
го изберете потребниот број на вртежи и за време на
користењето на апаратот.
1 – 2
низок број на вртежи
3 – 4
среден број на вртежи
5 – 6
висок број на вртежи
Bosch Power Tools

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Gof 1250 lce professional

Inhaltsverzeichnis