Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Општи Безбедносни Напомени; Напомени За Овој Прирачник - Bosch CL3000i-Set 26 E Installationsanleitung

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für CL3000i-Set 26 E:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 33
Објаснување на симболите и безбедносни напомени
1.2
Општи безбедносни напомени
H Напомени за целната група
Овие упатства за монтажа се наменети за
специјализирани лица за технологија за
разладување и климатизација, како и за електро-
техничари. Мора да се следат насоките во сите
упатства релевантни за системот. Ако не се следат
насоките, може да дојде до материјални штети и
лични повреди, коишто може да бидат дури и
смртоносни.
▶ Прочитајте ги сите упатства за монтажа за сите
компоненти на системот пред монтажата.
▶ Внимавајте на безбедносните напомени и
предупредувањата.
▶ Внимавајте на националните и регионалните
прописи, технички правила и регулативи.
▶ Документирајте го сработеното.
H Прописна употреба
Внатрешната единица е предвидена за инсталација
во објект со поврзување со надворешната единица
и дополнителните компоненти на системот, на
пример, регулатори.
Надворешната единица е предвидена за
инсталација надвор од објект со поврзување со
една или повеќе внатрешни единици и
дополнителните компоненти на системот, на
пример, регулатори.
Секоја друга употреба се смета за непрописна.
Непрописната употреба и штетите што резултираат
од неа се исклучени од гаранцијата.
За инсталација на специјални локации (подземно
паркиралиште, балкон или други полуотворени
простори):
▶ Внимавајте на барањата за местото на
инсталација наведени во техничката
документација.
H Општи опасности предизвикани од
разладното средство
▶ Овој уред е наполнет со разладно средство R32.
Гасот од разладното средство може да биде
токсичен ако дојде во контакт со оган.
▶ Ако истече разладно средство за време на
монтажата, темелно проветрете ја просторијата.
▶ По монтажата, проверете дали има некакво
протекување на системот.
▶ Не ставајте никакви други супстанци во
разладното коло освен наведеното разладно
средство (R32).
116
H Безбедност на електричните уреди за
домашна употреба и слични намени
Со цел да се избегнат опасности, важат следниве
спецификации во однос на EN 60335-1:
«Овој уред можат да го користат деца над 8-
годишна возраст, како и лица со намалени
физички, сетилни или ментални способности, или
пак без искуство и знаење, земајќи предвид дека
се под надзор или добиваат упатства како безбедно
да го користат уредот и ги разбираат опасностите
што произлегуваат од употребата. Децата не смеат
да си играат со уредот. Чистењето и одржувањето
не смеат да се изведуваат од страна на деца без да
бидат под надзор.»
«Доколку се оштети кабелот за струја, истиот мора
да го замени производителот или сервисна служба,
или пак друго квалификувано лице со цел да се
избегнат опасностите што произлегуваат од
замената.»
H Предавање на корисникот
Подучете го корисникот при предавањето на клима
уредот за ракувањето и условите на работа на
уредот.
▶ Објаснете како се ракува со уредот – притоа,
особено посветете внимание на тоа како се
користи безбедно.
▶ Особено внимавајте на следниве точки:
– Модификациите или сервисирањето смее да
го врши само одобрен специјалист.
– За уредот да работи безбедно и еколошки,
задолжително е барем еднаш годишно да се
проверува и да се чисти и одржува по потреба.
▶ Можните последици (лични до смртоносни
повреди, или материјални штети) произлегуваат
поради недостаток или несоодветна проверка,
чистење и одржување.
▶ Предајте ги упатствата за монтажа и ракување на
корисникот за да ги има на располагање во
иднина.
1.3
Напомени за овој прирачник
Ќе пронајдете збир од илустрации на крајот од овој прирачник.
Текстот содржи упатувања кон илустрациите.
Во зависност од моделот, вашиот производ може да се разликува од
тој во илустрациите во овој прирачник.
Climate 3000i – 6721823680 (2021/02)

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis