182 | Македонски
Начини на работа
Мерниот уред има три начини на работа, кои може да ги промените во било кое
време:
Начин на работа
Режим на вкрстени линии со автоматика за нивелирање (види слика A):
Мерниот уред емитува една хоризонтална и една вертикална ласерска
линија.
Режимот на вкрстени линии и режимот на точка на вертикала со
автоматика за нивелирање (види слика B): Мерниот уред една
хоризонтална и една вертикална ласерска линија, како и две точки на
вертикала.
Режим на вкрстени линии со функција за навалување (види слика C):
Мерниот уред емитува една хоризонтална и една вертикална ласерска
линија.
По вклучувањето, мерниот уред се наоѓа во режим со вкрстени линии со автоматика
за нивелирање.
За да го смените режимот на работа, притискајте на копчето за режим на работа на
ласерот (3), додека не се прикаже саканиот режим на работа со светење на
соодветните прикази за режими на работа на ласерот (5).
Автоматика за нивелирање
Работење со автоматика за нивелирање
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста подлога, прицврстете го на
стативот (11).
Изберете еден од начините на работа со автоматиката за нивелирање.
Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува нерамнините во полето на
самонивелирање од ±4°. Нивелирањето е завршено штом ласерските линии не се
движат повеќе.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр. бидејќи подлогата на
мерниот уред отстапува повеќе од 4° од хоризонталата, ласерот се исклучува.
Во ваков случај, поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте го
самонивелирањето.
При вибрации или промена на положбата за време на работата, мерниот уред
повторно се нивелира автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја
позицијата на ласерските зраци во однос на референтните точки, за да се избегнат
грешките при поместување.
1 609 92A 5DV | (05.12.2019)
Bosch Power Tools