Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Македонски; Безбедносни Напомени - Bosch GMS 120 Professional Originalbetriebsanleitung

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GMS 120 Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
270 | Македонски
Македонски
Безбедносни напомени
Сите упатства треба да се прочитаат и да се внимава на нив.
Доколку мерниот уред не се користи согласно приложените
инструкции, може да се наруши функцијата на вградените
заштитни механизми во мерниот уред. ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ
ОВИЕ УПАТСТВА.
Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен
u
персонал и само со оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете
сигурни во безбедноста на мерниот уред.
Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од
u
експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред
создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
Поради технички услови, мерниот уред не може да гарантира стопроцентна
u
сигурност. За да избегнете опасности, пред секое дупчење, сечење со пила
или глодање во ѕидови, плафони или подови, обезбедете друг извор на
информации како на пр. градежни планови, фотографии од градежната
фаза итн. Влијанијата на околината, како влагата на воздухот или близината со
други електрични уреди може да влијаат врз точноста на мерниот уред. Составот
и состојбата на ѕидот (на пр. влага, градежни материјали што содржат метал,
спроводливи тапети, изолација, плочки) како и бројот, видот, големината и
положбата на објектите може да влијаат на резултатите од мерењето.
Внимавајте да има доволно заземјување при мерењето. При недоволно
u
заземјување (на пр. со изолирани обувки или стоење на кабел) не е можна
локализација на струјните кабли.
Доколку во објектот има гасоводи, тогаш по секоја работа во ѕидовите,
u
таваните или подовите проверете да не е оштетен некој гасовод.
Струјните кабли може полесно да се пронајдат (на пр. светла, уреди), доколку
u
истите се приклучени и вклучени на кабелот што се бара. Исклучете ги
струјните потрошувачи и кабли, пред да дупчите во ѕидови, плафони или
подови, сечете или глодате. По сите работи проверете на подлогата да нема
предмети кои се под напон.
При прицврстување на предмети на суви ѕидови проверете дали има
u
доволна носивост на ѕидот одн. на материјалите за прицврстување, особено
при прицврстување на потконструкција.
1 609 92A 5DB | (23.02.2021)
Bosch Power Tools

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis