Пред чистење и одржување
исклучете ја машината и извадете го
приклучокот од главниот напон.
Редовно чистете го куќиштето со мекана
крпа, по можност после секое користење.
Отворите за вентилација да бидат ослободени
од прашина и нечистотија. Отстранете ја
нечистотијата со мекана крпа, навлажнета со
сапуница. Не користете растворувачи како што
е бензин, алкохол, амонијак, и др. хемикалии,
зашто тие ќе ги оштетат синтетичките
компоненти.
Заменете го кабелот
Ако кабелот е оштетен, тој мора да се замени
од страна на производителот, неговиот
овластен сервис или од квалификувано лице,
за да се избегнат опасности.
Проверка и замена на јаглени четкички.
Ако четкичките се истрошени, машината ќе
работи нерамномерно.
Јаглени четкички
Ако јаглените четкички се истрошени, мора да
ги замени одделот за сервис за клиенти или
квалификувано лице.
Користете само точни оригинални
четкички.
ГАРАНЦИЈА
Гарантните условите се дадени во посебна
гарантна картичка.
ОКОЛИНА
Дефектни и/или отфрлени
електрични или електронски
апарати треба да се собираат на
соодветни локации за рециклирање.
Само за земји од ЕУ
Не ги депонирајте алатите во домашен отпад.
Според Европското Упатство 2012/19/ EU за
отпадна електрична и електронска опрема и
неговата имплементација во националното
152
право, електричните алати кои веќе не се
употребливи мораат да се собираат одделно и
да се отстрануваат на еколошки начин.
Производот и упатството се предмет на
промена. Карактеристиките можат да се
променат без натамошно известување.