Ефикасно чување храна
• Замрзнатата или оладената храна чувајте ја во
затворени садови.
• Проверете го рокот на траење и етикетата
(упатства за чување) пред да ја ставите
храната во апаратот.
• Не чувајте храна долг период (подолго од 4
недели), ако лесно се расипува при ниска
температура.
• Ставете ја оладената или замрзнатата храна
во фрижидерот или замрзнувачот веднаш по
купувањето.
• Избегнувајте повторно замрзнување на храна
која е целосно одмрзната. Повторното
замрзнување на каква било храна што е
целосно одмрзната ќе го влоши нејзиниот вкус
и хранлива вредност.
• Не чувајте зеленчук завиткан во весник.
Печатен материјал како весник или други
надворешни супстанции може да ја
контаминираат и расипат храната.
• Не преполнувајте го апаратот. Наполнете
помалку од 70 % од просторот. Студениот
воздух не може да циркулира правилно ако
замрзнувачот е преполнет.
• Изладете ја храната пред да ја ставите во
замрзнувачот. Ако ставите голема количина
топла храна внатре, внатрешната температура
на апаратот може да се зголеми и негативно
да влијае врз другата храна во него.
• Ако поставите многу ниска температура,
храната може да замрзне. Не поставувајте
температура пониска од потребната
температура за правилно чување на храната.
• Секогаш одржувајте го апаратот чист.
• Ако апаратот има оддели за ладење, не
чувајте зеленчук и овошје со поголема
содржина на влага во нив, бидејќи можат да
замрзнат поради пониската температура.
• Во случај на прекин на електричната енергија,
јавете се во компанијата за електрична
енергија, и прашајте колку време ќе трае
прекинот.
− Избегнувајте отворање на вратата, додека
напојувањето е исклучено.
− Кога напојувањето ќе се врати во нормала,
проверете ја состојбата на храната.
16
Максимален капацитет на
замрзнување
• Функцијата за Експресно замрзнување, ќе го
постави замрзнувачот на неговиот максимален
капацитет на замрзнување.
• За ова обично се потребни до 24 часа, а потоа
автоматски се исклучува.
• Ако треба да се користи максималниот
капацитет на замрзнување, Експресното
замрзнување мора да биде вклучено седум
часа, пред да се стават свежи производи во
одделот на замрзнувачот.
Масимално чување
• За да го подобрите циркулирањето на
воздухот, вметнете ги сите фиоки.
• Ако треба да се складираат поголеми
количества храна, тогаш сите фиоки на
замрзнувачот, освен долната, треба да се
извадат од апаратот и храната да се стави
директно на полиците на замрзнувачот, во
одделот на замрзнувачот.
НАПОМЕНА
• За да ги извадите сите фиоки, прво извадете
ја храната од нив. Потоа, употребете ја рачката
на фиоките за внимателно да ги извлечете
надвор. Тоа може да предизвика повреда.
• Формата на секоја фиока може да е различна,
затоа вметнете ги во соодветната положба.
МК