Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GAS 18V-10 L Professional Originalbetriebsanleitung Seite 153

Akku-nass-/trockensauger
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GAS 18V-10 L Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
сте работеле.
Најмалку еднаш годишно потребно е да се изврши
техничка проверка од страна на производителот или
овластен сервисер, на пр. да се проверат оштетувања на
филтерот, дали всисувачот добро дихтува и функцијата
на уредот за контрола.
Кај всисувачите од класата L, што се користеле во
нечиста околина, треба да се исчисти надворешноста
како и сите машински делови или да се третира со
средство за дихтување. Пред да извршите какви било
поправки, сите извалкани делови што не може доволно
да се исчистат, мора да се отстранат. Ваквите делови
мора да се отстранат во непропустливи ќеси во
согласност со важечките одредби за отстранување на
ваков отпад.
– Повремено исчистете го куќиштето на всисувачот со
влажна крпа.
– Исчистете ги извалканите контакти за полнење со сува
крпа.
Чистење на садот (види слики H1−H2)
Исчистете го садот (1) по секоја употреба, за да го
одржите оптималниот перформанс на всисувачот.
– Отворете ги затворачите (2) и извадете го горниот дел
на всисувачот (5).
– Истресете го садот (1) над соодветен сад за отпад.
– Доколку е потребно, исчистете го садот со една
влажна крпа.
Доколку е потребно, исчистете го филтерот (види
„Чистење/замена на филтерот (види слики I1−I2)",
Страница 153).
– Повторно вметнете го горниот дел на всисувачот (5) и
затворете ги затворачите (2).
Чистење/замена на филтерот (види слики I1−I2)
Капацитетот на всисување зависи од состојбата на
филтерот. Затоа редовно чистете го филтерот.
Веднаш заменете го оштетениот филтер.
– Отворете ги затворачите (2) и извадете го горниот дел
на всисувачот (5).
– Свртете го филтерот (27) до крај во правецот на
вртење
и извадете го од држачот за филтер (28).
– Сушење на филтерот:
Потчукнете го филтерот (27) над соодветен сад за
отпад. Внимавајте на тоа да не се оштетат ламелите на
филтерот.
За да добиете максимална сила на всисување,
исчеткајте ги ламелите на филтерот со мека четка.
или
Филтерот е влажен:
Исплакнете го филтерот (27) под млаз вода и потоа
оставете го добро да се исуши.
или
Заменете го оштетениот филтер (27).
– Ставете го филтерот (27) над држачот за филтер (28)
и свртете го до крај во правецот на вртење .
Bosch Power Tools
– Повторно вметнете го горниот дел на всисувачот (5) и
затворете ги затворачите (2).
Бидете сигурни дека затворачите безбедно ќе се
вклопат.
Дефекти
Проверете при недоволна јачина на всисување:
– Дали е полн садот (1)?
▷(види „Чистење на садот (види слики H1−H2)",
Страница 153).
– Дали филтерот (27) е запушен со прав?
▷(види „Чистење/замена на филтерот (види слики
I1−I2)", Страница 153).
– Дали е преслаб капацитетот на батеријата?
▷(види „Полнење на батеријата", Страница 150).
Редовното празнење на садот (1) и чистењето на
филтерот (27) гарантира оптимален капацитет на
всисување.
Доколку и понатаму не може да се постигне истата јачина
на всисување, однесете го всисувачот во сервисната
служба.
Чување (види слика J)
– Ставете ги цевките за всисување (18) во
држачите (22).
– Ставете ги млазниците за фуги (16) во цевка за
всисување (18).
– Ставете ги подните млазници (17) во држачот (23).
– Свиткајте го цревото за всисување (13) од долу околу
држачот (23) и прицврстете ги врвките за
држење (29).
– Носете го всисувачот само за рачката за носење (6)
или за ременот за носење (доколку има).
– Складирајте го всисувачот во сува просторија и
заштитете го од неовластено користење.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Македонски | 153
1 609 92A 5KE | (20.04.2020)

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis