126 | Македонски
При подолготрајно работење со мал број на удари,
електричниот алат може многу да се вжешти. Извадете го
листот за пила и оставете го електричниот алат да работи
околу 3 min со максимален број на одови.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Доколку се блокира сечилото за пила, исклучете го
u
електричниот алат.
При сечење на лесни градежни материјали,
u
внимавајте на законските одредби и препораки на
производителот на материјалот.
Пред сечењето во дрво, шперплочи, градежни
материјали итн. проверете дали на нив има туѓи тела како
на пр. клинци, шрафови и сл. и доколку има, отстранете
ги.
Цврсто стегнете го материјалот. Не го потпирајте
u
делот што се обработува со рака или со нога. Не
допирајте предмети или под со пила што работи.
Постои опасност од повратен удар.
Извадете го штитникот за сечилата за пила (11) само за
време на сечењето.
Држете го цврсто електричниот алат при поставување на
делот што се обработува.
Доколку се заглават листовите за пилата, веднаш
исклучете го електричниот алат. Раширете го процепот
што сте го направиле при сечењето со соодветен алат и
извлечете го електричниот алат.
По завршување на работниот процес исклучете го
електричниот алат.
Не го користете мечот (1) како лост за вадење на
исечените парчиња дрво и сл.
Сечење со вдлабнување (види слика K)
Смеат да се обработуваат само меки материјали
u
како меко дрво, гипс картон и сл. при сечење со
вдлабнување!
Електричниот алат поставете го со врвот на делот што се
обработува и вклучете го. При сечењето мечот треба да
се вдлабне внимателно во делот што се обработува,
додека не се исече истиот.
Електричниот алат држете го накосо кон делот за
обработка и продолжете да сечете долж линијата за
сечење.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
1 609 92A 4YJ | (13.06.2019)
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
По завршување на работата исчистете ги мечот (1),
водилката за сечилата за пила (19) и сечилата за
пила (12).
Сечилата за пила (12) и водилката (19) не смеат да се
подмачкуваат, бидејќи може да се попречи всисувањето
на прав.
Доколку излезот за прашина се затне, исклучете го
електричниот алат, извадете го всисувачот за прашина и
отстранете ги прашината и струготините.
Опрема
Сет листови за пила за дрво и
пластика
Сет листови за пила од цврст метал за
лесни градежни материјали
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Отстранување
Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните алати во
домашната канта за отпадоци!
2 608 632 120
2 608 632 123
Bosch Power Tools