Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GML 50 Professional Originalbetriebsanleitung Seite 215

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GML 50 Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
ремен, така што ќе го отворите отворачот со затворач за
носење 16 и ќе го закачите далечинскиот управувач.
Функции
Независно од аудио изворот:
– За вклучување и исклучување на аудио режимот
притиснете на копчето 13 на далечинскиот управувач.
– За вклучување и исклучување на тонот притиснете на
копчето „Mute" 15.
– За зголемување на гласноста притиснете на копчето 9,
а за намалување на гласноста на копчето 12.
– За промена на аудио изворот притиснете на копчето
„Source" 14.
При радио режим:
– За избор на радио станица со ниска фреквенција
притискајте на копчето за пребарување наназад 7,
додека не ја најдете саканата фреквенција.
– За избор на радио станица со повисока фреквенција
притискајте на копчето за пребарување нанапред 10,
додека не ја најдете саканата фреквенција.
При контрола на аудио извори, кои се приклучени преку
SD-/MMC-приклучно место 46 или USB-отвор 45:
– За да стартувате, прекинете или продолжите
репродукција на еден наслов, притиснете на копчето
за репродукција/пауза 11.
– За да изберете наслов, притиснете на копчето за
пребарување наназад 7 или за пребарување нанапред
10.
Менување на батерија
За да ја смените батеријата, одвртете ја завртката на
преградата за батерии на задната страна на далечинскиот
управувач и извадете го поклопецот.
При ставањето на новата батерија, внимавајте на половите
според сликата. Повторно прицврстете го поклопецот на
преградата за батерии.
 Заменете ја батеријата исклучиво со нова батерија
од истиот тип. Доколку ставите друг тип батерија
постои опасност од експлозија.
 Доколку не сте го користеле далечинскиот
управувач повеќе време, извадете ги батериите.
При подолго складирање, батериите може да
кородираат и да се испразнат.
 Батеријата држете ја подалеку од дофат на мали
деца. Малите деца може да ја голтнат батеријата и со
тоа може да се загрози нивното здравје.
Полнење на батеријата (види слика A)
Процесот на полнење започнува, штом ќе го вклучите
струјниот приклучок на полначот во приклучницата и ќе го
ставите акумулаторот 25 во отворот 22 (види „Ставање и
вадење на батеријата", страна 211).
За време на процесот на полнење на
екранот трепка приказот за полнење
„CHARGING" m. Приказот
„CHARGING" се гаси откако
акумулаторот целосно ќе се наполни.
Bosch Power Tools
Поради интелигентниот процес на полнење, веднаш се
препознава состојбата на наполнетост на батеријата и ќе
биде наполнета со оптималниот капацитет во зависност од
температурата и напонот на батеријата.
Така се негува акумулаторот и при чување во радио-
полначот постојано е наполнет.
Наполнетиот акумулатор 25 може да се извади од отворот
за полнење 22 или (ставен во отворот) да служи за
напојување со енергија при аудио режим.
 Доколку е потребно, носете заштитни ракавици при
вадење на акумулаторот. Акумулаторот може многу
да се вжешти за време на полнењето.
Напојување со енергија на надворешни уреди
Напојувањето со енергија на надворешни уреди преку
12-V- и приклучокот за наизменична струја е можно само
преку мрежниот приклучок на радио-полначот, но не и
преку ставениот акумулатор.
Доколку радио-полначот е приклучен на електрична
мрежа, зелената контролна сијаличка 4 свети за потврда.
USB-приклучок
Со помош на USB-приклучокот може да се користат одн.
да се наполнат повеќето уреди, чиешто напојување со
енергија е возможно преку USB (на пр. различни мобилни
телефони).
Отворете го лостот за заклучување 19 и отворете го
поклопецот за медиумски датотеки 20. Поврзете го USB-
приклучокот на надворешен уред преку соодветен USB-
кабел со USB-отвор 45 на радио-полначот. За да се
стартува процесот на полнење, надворешниот уред на
радио-полначот мора да се одбере како аудио извор.
12-V-приклучок (види слика C)
Со помош на 12-V-приклучок, надворешниот електричен
уред можете да го користите со 12-V-приклучок и
максимално 1 A потрошувачка на струја.
Извадете го заштитното капаче на 12-V-приклучен
конектор 41. Ставете го приклучокот на надворешниот
електричен уред во 12-V-приклучен конектор.
12-V-приклучок е заштитен со осигурувач 44. Доколку на
приклучокот на надворешниот уред нема напон, отворете
го лостот за заклучување 19 и отворете го поклопецот за
медиумски датотеки 20. Одвртете го безбедносното
капаче 43 и проверете, дали се активирал ставениот
осигурувач 44. Доколку се активира осигурувачот,
поставете нов фин осигурувач (5 x 20 mm, 250 V
максимален напон, 1 A номинална струја и брза
активирачка карактеристика). Повторно затегнете го
безбедносното капаче 43.
Напомена: Користете исклучиво 1-A-осигурувачи за
максимален 250 V напон („250V 1A FUSE FOR 12V
OUTLET"). Доколку користите други осигурувачи, може да
се оштети радио-полначот.
Освен тоа, 12-V-приклучок е заштитен со внатрешен
топлотен осигурувач, кој се активира при прекумерно
загревање. Осигурувачот автоматски се враќа во
стартната позиција, откако ќе се излади радио-полначот.
Македонски | 215
1 609 92A 11A | (16.3.15)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis