Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GPL 5 Professional Originalbetriebsanleitung Seite 114

Punktlaser
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GPL 5 Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 4
114 | Македонски
За отворање на поклопецот на преградата за батерии (4)
свртете го механизмот за заклучување (3) во правец на
стрелките на часовникот во позиција 
поклопецот на преградата за батерии. Ставете ги
батериите.
Притоа внимавајте на половите според приказот на
внатрешната страна од преградата за батерии.
За да го затворите поклопецот на преградата за
батерии (4) поставете го долу на куќиштето и притиснете
го нагоре. Свртете го механизмот за заклучување (3) во
правец спротивен на стрелките на часовникот во
позиција , за да го заклучите поклопецот на преградата
за батерии.
Доколку батериите се слаби, ласерските зраци трепкаат
бавно. По првото трепкање, мерниот уред може да се
користи уште околу 8 h.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
Ако не го користите мерниот уред подолго време,
u
извадете ги батериите. Доколку се подолго време
складирани, батериите може да кородираат и да се
испразнат.
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно
u
изложување на сончеви зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
u
температури или температурни осцилации. На пр.
не го оставајте долго време во автомобилот. При
големи температурни осцилации, оставете го мерниот
уред прво да се аклиматизира, пред да го ставите во
употреба. При екстремни температури или
температурни осцилации, прецизноста на мерниот
уред може да се наруши.
Избегнувајте удари и превртувања на мерниот
u
уред. По силни надворешни влијанија на мерниот
уред, пред да го употребите за работа, секогаш
извршете контрола на точноста (види „Контрола на
точноста на мерниот уред", Страница 114).
Исклучете го мерниот уред за време на
u
транспортот. При исклучувањето, се блокира
осцилирачката единица, која би се оштетила при
интензивни движења.
Вклучување/исклучување
За вклучување на мерниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) нагоре,
така што на прекинувачот ќе се „I" појави. Веднаш по
вклучувањето, мерниот уред пушта по еден ласерски
зрак од излезните отвори (1).
Не го насочувајте зракот светлина кон лица или
u
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
1 609 92A 4HT | (29.01.2019)
За исклучување на мерниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) наназад,
така што на прекинувачот ќе се „0" појави. При
и извлечете го
исклучување, осцилирачката единица се блокира.
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор
u
и исклучете го по употребата. Другите лица може да
се заслепат од ласерскиот зрак.
Поставување на автоматиката за исклучување
Мерниот уред автоматски се исклучува по 20 min работа.
Автоматиката за исклучување може да се префрли од
20 min на 8 h. Вклучете го мерниот уред, веднаш потоа
исклучете го и потоа во рок од 4 s одново вклучете го. За
потврда на промената, по второто вклучување, сите
ласерски зраци трепкаат 2 s брзо.
При следното вклучување на мерниот уред, автоматиката
за исклучување повторно е поставена на 20 min.
Автоматика за нивелирање
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста
подлога, прицврстете го на држачот (8) или на
стативот (16).
По вклучувањето, автоматиката за нивелирање
автоматски ги израмнува нерамнините во рамки на
полето на самонивелирање од ±5° (должинска оска) одн.
±3° (попречна оска). Нивелирањето е завршено штом
ласерските зраци не се движат повеќе.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр.
бидејќи подлогата на мерниот уред отстапува повеќе од
5° одн. 3° од хоризонталата, ласерските зраци трепкаат
брзо.
Во ваков случај, поставете го мерниот уред хоризонтално
и почекајте го самонивелирањето. Штом ќе се најде
мерниот уред во полето на самонивелирање од ±5° одн.
±3°, ласерските зраци светат непрекинато.
При вибрации или промена на положбата за време на
работата, мерниот уред повторно се нивелира
автоматски. По повторно нивелирање, проверете ја
позицијата на хоризонталните одн. вертикалните
ласерски зраци во однос на референтните точки, за да се
избегнат грешките при поместување.
Контрола на точноста на мерниот уред
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура.
Особено температурните разлики кои се движат од подот
нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Бидејќи температурните разлики се најголеми во близина
на подот, мерниот уред треба секогаш да се монтира на
статив почнувајќи од мерната линија од 20 m. Доколку е
возможно, поставувате го мерниот уред во средината на
работната површина.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да
доведат и влијанијата специфични за уредот (како на пр.
падови или јаки удари). Затоа, пред секој почеток на
работа проверете ја точноста на нивелирањето.
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis