Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

EINHELL EM 1200 Bedienungsanleitung Seite 52

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für EM 1200:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Anleitung_EM_1200_SPK4:_
MK
Приклучок за струја
Тревокосалката може да биде приклучена на
секој штекер со наизменична струја од 230 волти.
Сепак, дозволена е само употреба на шуко-
штекер, за чие осигурување е предвиден
заштитен прекинувач за вод за 16А. Освен тоа,
претходно мора да биде приклучен заштитен
прекинувач за погрешна струја (RCD) со најмногу
30 mA.
Приклучен вод за апаратот
Ве молиме употребувајте само приклучни водови
за апаратот кои не се оштетени. Приклучниот вод
за апаратот не смее да биде произволно долг
(макс. 50 m), бидејќи во спротивно ќе се намали
моќноста на електромоторот Приклучниот вод на
апаратот мора да има напречен пресек од 3 x 1,5
mm
2
. На приклучните водови на тревокосалки
особено често се создаваат штети по
изолацијата. Причини за тоа, меѓу другото се:
пресечени места како последица на
прегазување на вод;
нагмечени места, кога приклучниот вод се
води под врати и прозорци;
пукнатини како последица на стареење на
изолацијата;
превиткување како последица на
несоодветно прицврстување или водење на
приклучниот вод.
Приклучните водови мора да бидат најмалку од
типот H05RN-F и трожични. Пропишано е
нанесување налепница на приклучниот вод со
ознака за типот. Купувајте само приклучни
водови за апарати со ознака! Утикачите и
спојните штекери на приклучни водови за
апарати мора да се состојат од гума и да бидат
водоотпорни. Приклучните водови на апарати не
смеат да бидат произволно долги. Подолги
приклучни водови на апарати бараат поголеми
напречни пресеци на кондуктори. Приклучните
водови за апарати и поврзувачките водови мора
редовно да се проверуваат по однос на
оштетувања. Внимавајте на тоа, водовите при
контролата да бидат исклучени. Целосно
одмотајте го приклучниот вод за апарати. Исто
така, проверете ги и внесувањата на приклучните
водови по однос на превиткувања на утикачи и
спојни штекери.
52
19.08.2008
13:36 Uhr
Seite 52
6. Употреба
Поврзете го утикачот за мрежно напојување
(слика 1/поз. 6) со продолжен кабел.
Продолжниот кабел мора да биде осигуран со
елементот за растеретување на тегнењето на
кабелот, како што е прикажано на слика 18.
Внимание!
За спречување на несакано вклучување,
тревокосалката е опремена со блокада за
вклучување (слика 19/поз. А), која мора да биде
притисната пред да може да се притисне
тастерот за преприклучување (слика 19/поз. B).
Доколку се отпушти тастерот за
преприклучување, тревокосалката се исклучува.
Извршете ја оваа постапка неколкупати, за да
бидете сигурни дека вашиот апарат функционира
исправно. Пред да започнете со реализација на
поправки или одржување на апаратот, морате да
се уверите, дека ножот не се врти и дека
апаратот е исклучен од мрежа.
Внимание! Никогаш не ја отворајте клапната
за исфрлување, додека се празни елементот
за собирање и додека моторот сé уште
работи. Ножот што се движи може да доведе
до повреди.
Секогаш внимателно прицврстувајте ја клапната
за исфрлување односно вреќата за собирање
трева. При оддалечување претходно исклучете го
моторот.
Постојано да се одржува безбедносното
растојание помеѓу куќиштето на ножот и
корисникот што е дадено со управувачките
рачки. Особено треба да се внимава при косење
и промени на насоката на возење на џбунови и
нагиби. Внимавајте на тоа, да стоите сигурно,
носете обувки со цврсти ѓонови што не се лизгаат
и долги панталони.
Секогаш косете косо од нагибот. Нагиби со
косина над 15 степени не смеат да се косат со
оваа тревокосалка од безбедносни причини.
Бидете особено претпазливи при движења
наназад и при влечење на косилката. Опасност
од сопнување!
Упатства за исправно косење
При косењето се препорачува преклопувачки
начин на работа.

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis