Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GNA 75-16 Professional Originalbetriebsanleitung Seite 91

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GNA 75-16 Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 4
OBJ_BUCH-2741-002.book Page 91 Tuesday, June 7, 2016 8:30 AM
Употреба
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување/исклучување
За Вклучување на електричниот апарат, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 1 нанапред.
За фиксирање на прекинувачот за
вклучување/исклучување 1 притиснете го прекинувачот
нанапред.
За исклучување на електричниот апарат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 1. Доколку
прекинувачот за вклучување/исклучување е фиксиран,
притиснете наназад на прекинувачот и потоа отпуштете го.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Менување на правецот на сечење
За да го смените правецот на сечење може да го свртите
држачот на матрицата 4 во три позиции, поместени за 90°.
Правецот на сечење наназад (кон куќиштето) не е можен.
За да го свртите држачот на матрицата 4 олабавете го
шрафот 2, така што држачот на матрицата ќе може да се
врти. Свртете го за 90° кон надолжната оска на елек-
тричниот апарат на десната или на левата страна.
Внимавајте шрафот 2 да влезе во отворот на држачот на
матрицата 4. Затегнете го шрафот 2.
Совети при работењето
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Внимавајте на струготините настанати од сечењето.
Струготините имаат остри врвови, на кои може да се
повредите.
Доколку е вклучен, не го водете електричниот апарат
директно кон делот што се обработува. Секогаш држете го
електричниот апарат вертикално на површината на лимот
и не го навалувајте.
Сечењето се врши при спуштањето на втиснувачот.
Водете го електричниот апарат рамномерно со лесен
притисок во правецот на сечење. Пресилната брзина
значително го намалува рокот на употреба на
електричниот алат и му штети на електричниот апарат.
Електричниот апарат работи помирно, доколку се подигне
малку при сечењето. Доколку при сечењето се заглави
втиснувачот, исклучете го електричниот апарат,
подмачкајте го втиснувачот и олабавете го лимот. Не
употребувајте сила, бидејќи може да се оштетат
втиснувачот и матрицата.
Bosch Power Tools
Максимална дебелина на лимот за сечење
Максималната дебелина на лимот за сечење d
од цврстината на материјалот кој се сече.
Со електричниот апарат може да се исечат лимови со
следната дебелина, право и без деформација:
Материјал
макс. цврстина
2
[N/mm
]
Челик
400
600
800
Алуминиум
200
Подмачкување/ладење на втиснувачот
За да го продолжите животниот век на втиснувачот 5,
треба да користите средство за подмачкување со добра
функција на ладење (напр. масло за сечење
2 607 001 409.
Нанесете еден слој од средството за подмачкување на
горната страна на лимот по должина на планираната
линија на сечење.
Сечење според вцртана линија или со шаблон
Правите резови може полесно да се изведат, доколку го
водите електричниот апарат по должина на линијар.
Контурите може да се исечат со водење на електричниот
апарат по должина на шаблонот.
За внатрешни изрези потребен е отвор со дијаметар од
21 мм.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
На секои 3 часа исчистете ги и подмачкајте ги втиснувачот
5 и матрицата 6.
Доколку се истрошени втиснувачот и матрицата, навреме
заменете ги, бидејќи квалитетно сечење може да се
постигне само со остри алати и со нега на електричниот
апарат.
Втиснувачот 5 и матрицата 6 не смеат да се острат
дополнително.
Менување на матрицата
Отшрафете го шрафот со нарецкана глава 8 од држачот на
матрицата 4. Извадете ја матрицата 6.
Доколку е потребно, исчистете го држачот на матрицата 4.
Ставете нова, добро подмачкана матрица 6 во држачот на
матрицата. Притоа внимавајте на израмнетоста на
плоснатата страна.
Повторно навртете ја завртката со нарецкана глава 8 со
вметнат гумиран прстен 7. Затегнете ја завртката со
помош на клуч со внатрешна шестоаголна глава, додека
не го почувствувате отпорот на гумираниот прстен
(3–4 Nm).
Македонски | 91
зависи
max
d
max
[мм]
1,6
1,0
0,7
2,0
1 609 92A 383 | (7.6.16)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Gna 16 professional

Inhaltsverzeichnis