Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Gorenje Tiki TC 200–1/Z Bedienungsanleitung Seite 63

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 12
ДЕЛУВАЊЕ ТОПЛИНСКИТЕ ПУМПИ
Кога е веќе котелот за топла вода со топлотната пумпа приклучен на водоводната (греена) мрежа и е
наполнет со вода, топлотната пумпа се приклучува во електричната мрежа. Со ова е топлотната пумпа
припремена за работа. Се вклучува со приклучен прекинувач. Топлинската пумпа почнува да работи
и работи дур не ја постигне температурата на исклучувањето (која е фабрички подесена на 55°C). По
исклучувањето, делувањето се прекинува се додека водата не се олади за 5°C (н.пр. на 50°C). Тогаш
повторно се вклучува во работа.
Корисникот на бојлерот са топлинската пумпа може сам да си ја покачи температурата на водата за
исклучување, меѓутоа само до најмногу 55°C (блокадa на термостатот) или по желба може и да ја смали
до најмалку 15°C (блокадa на термостатот).
Легенда:
1. Вклучување на топлинска пумпа
2. Вклучување на антилегионелна програма
3. Контролна светилка за дејството на топлинската пумпа
4. Контролна светилка за дејството
на програмата за заштита од легионелите
5. Дисплеј
6. Нагодување на температурата - зголемување
7. Нагодување на температурата - намалување
По приклучувањето на топлинската пумпа кон електричниот напон на дисплејот прво се прикажуваат
сервисните ознаки, а потоа приказ на температурата. Ако температурата на водата во резервоарот е
пониска од поставената, автоматски се вклучува топлинската пумпа (светли сигналната светилка 3).
Ако сакате да го исклучите дејството на топлинската пумпа, притиснете го копчето 1 (прибл. 2 секунди).
Дејството на топлинската пумпа се исклучува, а на дисплејот се прикажува ознаката ИСКЛ.
Вклучување на топлинската пумпа
Притиснете го копчето 1 и потоа задржете го притиснато прибл. 2 секунди. На дисплејот се испишува
моменталната температура на водата во резервоарот и засветлува сигналната светилка 3.
Нагодување на температурата
Притиснете го и пуштете го копчето 6 или 7. На дисплејот поред притиснатото копче се испишува
ознаката°C. Сега можете да ја нагодите саканата температура. Со копчето 7 ја намалувате, а со копчето
6 ја зголемувате поставената температура. По завршувањето на нагодувањето, ознаката на дисплејот
почнува да трепка. По осум трепкања, поставена е нова вредност на температурата, а дисплејот ја
покажува температурата на водата во резервоарот.
При изведби на топлински пумпи со вграден термометар истиот ја прикажува температурата на местото на
врадување, додека дисплејот на топлинската пумпа ја прикажува водата во долниот дел на резервоарот.
Затоа овие две температури можат меѓусебно да се разликуваат.
Програма за заштита од легионели
Вашата топлинска пумпа е опремена со систем за термичка дезинфекција за спречување на појава
на легионели. Овој систем вклучува функција за греење на вода под висока температура, а водата во
резервоарот повремено ја загрева на 65°C. Системот нормални дејствува автоматски и тоа така што секои
14 дена (додека топлинската пумпа е вклучена!) вклучува греење на водата под висока температура.
63

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis