OBJ_BUCH-2337-001.book Page 178 Tuesday, November 4, 2014 3:26 PM
178 | Македонски
Кога поткаструватe, внимавајте
гранчињата што летаат да не ги
повредат лицата коишто се наоѓаат
во непосредна близина.
Предупредување: Држете се на
безбедно растојание од косачката
додека таа работи.
Ракување
Оваа косачка не е наменета на
личности (и деца) со ограничени
физички, сензорни или душевни
можности, со недостаток на
искуство и знаење, освен ако не им
се обезбедени соодветни
инструкции или надзор за употреба
на косачката од страна на личност
одговорна за нивната безбедност.
Внимавајте децата да не си играат
со косачката.
Никогаш не дозволувајте им на
деца или на необучени лица да гo
употребуваат тримерот. Државните
прописи можат да ја ограничат
возраста на ракувачот. Тримерот
чувајте го вон дофат на деца и кога
не е во употреба.
Не употребувајте го тримерот со
оштетени или истрошени
штитници, или ако штитниците не се
монтирани.
Пред употреба и после удар
проверете дали е уредот оштетен
или изабен и спроведете ги
евентуалните потребни поправки.
Не употребувајте го уредот ако сте
болни или под влијание на алкохол,
дрога или лекови.
Носете долги пантолони од крут
материјал, цврсти чевли и
F 016 L81 209 | (4.11.14)
ракавици. Не носете лабава
облека, накит, куси пантолони, и
сандали и не работете боси. Ако
имате долга коса, врзете ја над
рамената, за да спречите нејзино
заплеткување во подвижните
делови на уредот.
Кога уредот е во употреба носете
заштитни очила и слушалки.
Стојте стабилно и секогаш
одржувајте рамнотежа. Не
исцрпувајте се.
Никогаш не користете го тримерот
кога во близина има други лица, а
особено деца или животни.
Ракувачот е одговорен за штетата
нанесена на други луѓе или имот.
Почекајте сечилото потполно да
застане пред да го допрете.
Сечилото продолжува да ротира и
откако моторот на уредот ќе згасне
и може да предизвика повреда.
Работете само при дневна светлина
или при добро осветлување.
Не работете со тримерот при лоши
временски услови, а посебно при
грмотевици.
Употребата на тримерот на влажна
трева ја намалува неговата
ефикасност.
Згаснете го уредот кога го
пренесувате до и од местото на
работа.
Веднаш згаснете го уредот ако
Вашите нозе или раце се преблиску
до сечилото.
Не приближувајте ги нозете и
рацете до вртечките елементи на
сечилото.
Bosch Power Tools