•
Додека летате во авион или непосредно пред качувањето,
користете го уредот според дадените упатства. Користењето
безжичен уред во авион може да им пречи на безжичните
мрежи, да претставува опасност за работата на авионот или
да биде незаконски.
•
За да избегнете оштетување на внатрешните електрични
кола на уредот или полначот, не користете го во прашлива,
влажна или нечиста околина или во близина на магнетно
поле.
•
Кога го полните уредот, уверете се дека адаптерот за струја
е вклучен во штекерот во близина на уредот и дека е лесно
достапен.
•
Исклучете ги полначот од штекерот и од уредот кога не го
користите.
•
Не користете го, не складирајте го и не пренесувајте го
уредот на места каде што се складираат запаливи
материјали или експлозиви (на бензинска пумпа, склад за
нафта или хемиски погон, на пример). Користењето на
уредот во таква средина го зголемува ризикот од експлозија
или пожар.
•
Чувајте ја батеријата подалеку од оган и не расклопувајте ја,
не изменувајте ја, не фрлајте ја и не гмечете ја. Не ставајте
туѓи тела во неа, не потопувајте ја во вода или други
течности и не изложувајте ја на надворешна сила или
притисок бидејќи тоа може да предизвика истекување,
прегревање и запалување на батеријата, па дури и пожар.
•
Фрлете ги уредот, батеријата и додатоците според
локалните прописи. Не треба да се фрлаат во нормалниот
отпад од домаќинствата. Неправилното користење на
батериите може да предизвика пожар, експлозија или други
опасности.
•
Овој уред содржи вградена батерија. Не обидувајте се да ја
замените батеријата сами. Во спротивно, уредот може да не
работи правилно или може да се оштети батеријата. За ваша
безбедност и за да се обезбеди правилна работа на уредот,
174