Температурата во ладилникот или замрзнувачот е многу висока.
•
Температурата во ладилникот е прилагодена на многу висок степен.
Прилагодувањето во ладилникот влијае врз температурата во замрзнувачот.
Сменете ја температурата во ладилникот или замрзнувачот додека истата не
постигне задоволително ниво.
•
Вратите веројатно биле често отворани или оставени подотворени долг период.
Отворајте ги поретко.
•
Вратата била оставена подотворена. Затворете ја вратата убаво.
•
Веројатно е ставена голема количина врела храна во ладилникот неодамна.
Почекајте додека ладилникот или замрзнувачот не ја постигнат саканата
температура.
•
Ладилникот веројатно бил приклучен неодамна. Целосно разладување на
ладилникот трае подолго.
Бучавата при работа се зголемува кога работи ладилникот.
•
Работата на ладилникот се менува соодветно со промените во амбиенталната
температура. Тоа е нормално и не е грешка.
Вибрации или бучава.
•
Подот не е рамен или е многу слаб. Ладилникот се ниша кога ќе се помести
малку. Проверете дали подот е доволно цврст и може да го држи ладилникот и
дали е рамен.
•
Бучавата може да се предизвикува и од работите што се ставени врз ладилникот.
Тие предмети треба да се тргнат од ладилникот.
Има бучава што доаѓа од ладилникот и наликува на истурање вода или шиштење.
•
Течните и гасните звуци се случуваат заради работните принципи на ладилникот.
Тоа е нормално и не е грешка.
Има бучава како да дува ветер.
•
Се користат вентилатори за да може да се излади ладилникот. Тоа е нормално и
не е грешка.
Има кондензација на внатрешните ѕидови на ладилникот.
•
Врела и влажна клима го зголемува создавањето мраз и кондензација. Тоа е
нормално и не е грешка.
•
Вратите биле оставени подотворени. Проверувајте дали вратите се затворени
убаво.
•
Вратите веројатно биле често отворани или оставени подотворени долг период.
Отворајте ги поретко.
27
МК